Бристол веќе подолго време е предводник кога станува збор за алтернативни движења. Познат е по своите градски фарми, по уличниот уметник Бенкси, а познат е и по проектот што го започнал пред седум години: Бристол има своја валута - бристолска фунта.
Причината за тоа е да им се покаже на луѓето што прават парите: во овој случај е еколошката идеја да се купуваат само локални производи. Бристол ја дефинира својата валута како универзално прифатено средство за наплата на бараната стока. Бристолската фунта во голем дел е прифатена во Бристол, а граѓаните не ги интересира тоа што со оваа валута не се тргува на берзата во Хонг Конг или Буенос Аирес. Не ги интересира ни тоа дека со овие пари ништо не може да се купи во Лондон.
Парите не знаат географија, како што ни заедничката валута на земјите од еврозоната не знае за национални граници. Во основа, користењето пари е договор.
Добро за економијата и за животната средина
- Ако размислувате економски, тогаш тоа значи дека парите остануваат во оваа област и завршуваат кружејќи само во еден град. Тоа има смисла за мене и е стимулативно за локалната економија - вели еден трговец. Со бристолската фунта се плаќаат само производи направени во Бристол.
Затоа не е чудно што идејата со локалната валута се заглави во град кој отсекогаш бил засолниште на алтернативци. Така, на пример, градската фарма „Вербург“ настанала во почетокот на 70-тите години како засолниште за тогашните „деца на цвеќето“, кои таму одгледувале органски производи. Бристолската фунта логично потекнува од тој систем, објаснува претставничката на фармата „Вербург“, Сара Флинт.
- Секој знае: ги имам овие пари и ќе ги потрошам на локалните производи. Важно е пред очите да се има тој локален концепт - вели таа.
Јасно е дека цел систем е близок до стоковната размена. Нешто слично веќе постои во различни алтернативни комуни кои сакаат да имаат и да трошат онолку колку што им е потребно. Секако дека има и работи што ни се потребни, а доаѓаат оддалеку, на пример, бензинот и нафтата. Но, на овој начин се поттикнува размислувањето за тоа што ни е навистина потребно од далечниот свет, а тоа, пак, поттикнува заштита на животната средина.
Сијаран Манди е еден од креаторите на бристолската фунта. Таа вели дека валутата користи мрежа од околу 2.000 претприемачи и продавници.
- За да останат на едно подрачје храната и производите, треба да се избегне трошење на енергија за нивен транспорт од целиот свет, мора да се интервенира во самиот систем и различните сектори на
економијата. Тоа беше една од причините за појава на бристолската фунта - вели Манди.
Фото: Screenshot/YouTube