Улиците се испукани и од нив излегува чад, врз напуштените згради има графити и истакнати се знаци со предупредување за луѓето дека земјата може да се отвори и да ги проголта во секој момент, како резултат на огнот што тлее во подземјето.
Сентрејлија во Пенсилванија не изгледала вака отсекогаш. Некогаш претставувала развиен рударски град со повеќе од 1000 жители.
Денес таму живеат помалку од десет луѓе, кои и покрај условите кои владеат, одбиваат да го напуштат местото.
Повеќето од патиштата во Сентрејлија не водат никаде. „Пенсилванија Рут 61“ некогаш се протегал до градот, но го уништил подземниот оган, а „расцветаните“ катраносани делови ќе ве наведат на мисла дека местото било жртва на разорен земјотрес.
На гробиштата има повеќе гробови, отколку што има луѓе во градот.
Сентрејлија се наоѓа на 185 километри од најголемиот град во Пенсилванија, Филаделфија.
Градот беше напуштен кога пред 50 години се запали рудникот со јаглен.
Жителите го претворија рудникот во депонија, каде што го оставаат сметот да изгори.
Огнот од подземните „складишта“ со јаглен непрестано гори на длабочина од 91 метар и ослободува отровен гас со високи нивоа на јаглероден моноксид.
Оваа појава ги исплашила мноштвото жители, особено сознанието дека огнот нема да запре во наредните 250 години. Штетниот гас кај луѓето предизвикувал симптоми на грип, неподносливи главоболки, замор, вртоглавица и гадење.
Пукнатините на земјата предизвикани од постојаниот оган, за малку ќе однеселе и жртва. На празникот Св. Валентин во 1981 година, Тод Домбоски го повлекла 40-метарска дупка во домот на неговата баба. Зачудувачки, Тод успеал да се задржи за корени од дрво, а потоа и да биде спасен од страна на неговиот вујко. За Њујорк Тајмс изјавил дека чадот што излегувал од дупката бил толку густ што одвај гледал.
Пет-шестмината кои одлучиле да останат во градот, во 1993 година биле принудени да се отселат, но во 2013 година конечно се избориле за правото да останат.
Сите што се иселиле добиле нови домови, но останале носталгични за нивното родно место.