Кои се најбараните вештини во моментов? Кои вештини ви се потребни
доколку сакате да се вработите? Ова се прашањата на кои сите бараат
одговор.
Доколко длабоко се анализираат Линкедин профилите, тие ги откриваат петте најпосакувани вештини за еден вработен:
1. Програмирање (кодирање)
2. Развивање на мобилни апликации
3. Операции и управување со системска анализа
4. Продажба и маркетинг
5. Оптимизација и аналитика
Технолошкиот
напредок и усвојувањето на мобилната технологија на сите нивоа на
бизнис операции доживеаја драматична промена на пазарот на трудот, а
вештините погоре се големо изненадување. Аналитичките и технолошките
вештини отсекогаш биле во голема побарувачка, но сега повеќе од било
кога овие вештини можат да ви помогнат да обезбедите работа.
Но, што ако не го поседувате овој конкретен збир на технолошки вештини? Интернетот ќе ве спаси.
Ви нудиме начини како можете да ги научите овие вештини.
Кодирање
Во
денешно време, секое поле бара некој вид на програмирање, такашто не е
големо изненадување тоа што кодирањето е врвна вештина која ја бараат
работодавците. Всушност, способноста да се напише код и програма се
толку важни што постојат неколку кампањи кои ги охрабруваат луѓето да
започнат да се занимаваат со компјутерска наука.
Еден добар начин
за кодирање е
Code.org. Oваа веб страна нуди неколку видови на
интерактивни вежби и туторијали во различни програмски јазици, игри кои
ви помагаат да научите и корисни совети.
Развивање на мобилна апликација
Мобилните телефони моментално се во тренд, постојат нови платформи, такашто нема место за бариери.
Да бидеме јасни: развивање на апликација за Android е сосема различно од развивање на апликација за iOS.
За љубителите на Андроид, местото кадешто треба да започнете е
Google Android Developers Portal.
Доколку
повеќе сте насочени кон iOS тогаш,
iOS Dev Center е одличен ресурс на
интернет доколку сакате да научите како да развивате апликации за iOS.
Операции и системска анализа
Одредувањето
како функционира еден систем, и како ги менува условите, операциите и
средините може да влијае врз резултатите, и ова е вештина која мора да
ја имте.
Без разлика на тоа во кој бизнис се вклучувате, тие сите
имаат одредени системи или начини на кои се вршат работите. Разбирањето
на овие процеси и како тие влијаат едни врз други ќе ви помогне да го
подобрите системот, да ги подобрите нив и да надминете било какви
постоечки проблеми.
Најдобриот начин за да ја научите оваа
вештина е да читате. Секоја компанија им различни процеси и операции, но
учењето на основата ќе ви даде основно знаење за успех.
Колку повеќе читате на оваа тема, толку повеќе ќе бидете информирани.
Продажба и маркетинг
Во бизнис круговите постои изрека дека секој вработен е застапник на заедничкиот пазар, а истовремено и лице за продажба.
Во
фигуративна смисла, ова значи дека секој во бизнисот треба да биде
ентузијастичен за тоа што го продава - од ИТ луѓето, па се до
книговодителите.
Исто така, тоа значи дека секој треба да се
разбира во продажба и маркетинг процеси. За да ја научите оваа вештина
постојат страни како
Alison која нуди широк спектар на бесплатни онлајн
курсеви и опфаќа области како што се маркетинг на социјални медиуми и
маркетиншки стратегии.
Оптимизација и аналитика
Оптимизацијата
и аналитиката се вештини кои изгледаат добро на сечие CV, а
работодавците од повеќето компании очекуваат кандидатите за работа да
имаат основни разбирања за оптимизација. Зошто? Затоа што колку подобро
вработениот ја сфаќа оптимизацијата, толку подобро целиот персонал може
да добие повеќе информации за бизнисот.
Најдобриот начин е страната
Moz која има корисни, лесни за читање инструкции и водичи.