X
 21.02.2015 Наука

Вашата потсвест е попаметна отколку што мислите

Честа заблуда е дека знаеме што се случува во нашата глава. Како што се движиме низ светот, одиме и зборуваме, се доживуваме себеси размислувајќи: „Што ќе ручам?“. Или пак се прашуваме себеси: „Зошто таа го направи тоа“ и се обидуваме да откриеме.

Природно е да претпоставиме дека ова искуство е комплетен извештај од нашиот ум. Природно е, меѓутоа погрешно.

Психолозите се согласуваат дека постои несвесен „под-ум“ кој е значаен за процесот на размислување. Кога се прашува човек кој е главниот град на Франција, одговорот веднаш ни паѓа на ум - Париз. Доколку одлучиме да мавтаме со прстите, тие се движат напред и назад во комплексна шема за која ние несвесно сме подготвени, и која ни беше доставена од она несвесното.

Големата дебата во психологијата е: Што се прави од страна на несвесното, а што бара свесна мисла, односно дали несвесното не` прави паметни или глупави? Еден популарен став е дека несвесното може да подготви едноставни стимул акции за одговор, да ни ги достави основните факти и да изврши вежбани движења. Комплексното спознание вклучува планирање, логично размислување и комбинирање на идеи, а од друга страна бара и свесна мисла.

Експеримент направен неодамна од страна на тим од Израел и предводен од Ран Хасин, искористил интересен визуелен трик наречен „Continuous Flash Supression“ за да ги стави информациите во умот на учесниците без тие да бидат свесни за тоа. Можеби звучи болно, но во реалноста ова е доста едноставно. Техниката го искористува фактот што имаме две очи и нашиот мозок обично се обидува да ги спои двете слики во еден единствен поглед кон светот. Овој трик користи наочари со кои луѓето треба да ги гледаат прикажаните различни фотографии во око. Едно око гледа светло обоени квадрати кои толку го одземаат вниманието, што кога се претставува вистинската информација на другото око, личноста не е веднаш свесна за тоа. Всушност, потребни се неколку секунди за оваа теорија да биде совршено видлива и да ја достигне свеста.

Резултатите покажуваат дека несвесниот ум има многу пософистицирани капацитети отколку што многу луѓе мислеа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука