X
 02.10.2017 Култура

Работи што треба да ги знаете за Каталонија

Владата на Каталонија ги објави прелиминарните резултати од референдумот за независнот на Каталонија. Според нив, 90 отсто се за независнот. Како што објави влата на Каталонија на својот твитер профил, од 2.262.424 ливчиња кои шпанската влада не успеа да ги заплени, 2.020,144 биле за независнот. 176,566 гласале против додека 45.586 биле празни. Неважечки биле 20.129 ливчиња.

1
Фото: Wikimedia


Факт 1:
Каталонија е автономна заедница во рамките на Шпанија (големата жолта површина погоре), но исто така и историско кнежество кое се проширувало до денешна Франција (малата темна жолта површина).

Каталонскиот јазик е еден од 3-те официјални јазици во шпанскиот автономен регион Каталонија (заедно со шпански и окситански).

2
Фото: Wikimedia

Факт 2: Францускиот дел лежи приближно во рамките на сегашниот департман Источни Пиринеи и бил отстапен на Франција во договорот на Пиринеите во 1659 година.

3

Факт 3: Каталонија има огромен топографски опсег. Од височините на Пиринеите (црвено) до Каталонската крајбрежна депресија (светлозелена) каде што живее поголемиот дел од населението.

3
Фото: Lavanguardia.com

Факт 4:
Каталонскиот не е најчестиот прв јазик што се зборува во шпанска Каталонија. За секојдневна употреба, 45,92 отсто главно користат шпански, 35,54 отсто користат каталонски, а 11,95 отсто еднакво ги користат двата јазика.

Сепак, како што е прикажано на мапата, тоа варира по регион. Областа со најмал збор говорители е во и околу Барселона, најголемиот град и главен град на Каталонија.

5

Факт 5: Каталонскиот можеби не е најраспространетиот јазик во Каталонија, меѓутоа, тоа не е единственото место каде што се зборува.

Освен Северна Каталонија (во Франција), јазикот се зборува и во Валенсија (каде што е наречен валенсиски), Балеарските Острови (во кои се вклучени Мајорка, Малора, Ибица и Форментара), источно од Арагон, земјата Андора и Алегро на италијанскиот остров Сардинија.

6

Факт 6: Се проценува дека во светот има 4,1 милиони говорители чиј мајчин јазик е каталонскиот, со уште 5,1 милиони луѓе во Шпанија, кои имаат висок степен на флуентност.

Иако е тешко да се измери точно колку е раширен јазикот, процените за вкупниот број луѓе што го зборуваат јазикот е:

Каталонија (Шпанија): 5,7 милиони (2,8 милиона жители)
Валенсија (Шпанија): 2,4 милиони (1 милион жители)
Балеарските Острови (Шпанија): 700.000 (400.000 жители)
Русијон (Франција): 125.000 (35.000 жители)
Андора: 60.000 (26.000 жители)
Ла Франја (Арагон, Шпанија): 45.000 (33.00 жители)
Алгеро (Сардинија, Италија): 20.000 (8.000 жители)
Остаток од светот: 350.000

7
Фото: Wikimedia

Факт 7:
Додека лингвистите го сметаат валенсискиот за различен од каталонскиот, голем број лица во Валенсија не мислат така.

8
Фото: Wikimedia

Факт 8:
Каталонија е поделена на провинции кои потоа се поделени на општини. Нејзините 4 провинции се Барселона (5,5 милиони луѓе), Тарагона (800.000 луѓе), Жирона (750.000 луѓе) и Леида (440.000 луѓе). Населението брои околу 7,5 милиони луѓе,

Регионалната економија е најголема во Шпанија со БДП од 200 милијарди евра, приближно со иста големина како Португалија, Грција или Орегон.

9
Фото: Wikimedia

Факт 9: Општините варираат во големи размери и во бројот на население. Најголемата општина во однос на областа е Ногуера со 1.784 квадратни километри, но со само 40.000 жители.

Најмалата област е Барселонес, со 145 квадратни километри, но тука е лоцирана Барселона и е најнаселена, со 2,2 милиона луѓе. Најмалку населена е Алта Рибагорка - само 3.873 луѓе.

10
Фото: reddit

Факт 10:
Каталонците се талентирани картографи. Мапата е направена од каталонскиот атлас објавен во 1375 година и едно од најважните дела во картографијата во средниот век. Интересно е затоа што југ е горе, а север е најдолу.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура