X
 18.04.2015 Економија

Жените се уште се помалку платени од мажите

Жените сè уште се помалку платени од мажите речиси секаде во светот. Вработена во САД заработува 78 центи за секој долар кој го заработува маж, покажува нов извештај.


Извештајот бил објавен од страна на непрофитната организација „Национални соработки за семејства и жени“. Според него, средната годишна плата за жена која работи со полно работно време изнесува 39.157 американски долари, во споредба со 50.033 американски долари кои ги заработува просечен маж.

Изгубената потенцијална заработка според извештајот изнесува 490 милијарди долари годишно.


Но, и ова се разликува од регион во регион. Така, во Луизијана, жените заработуваат 66 центи за секој долар заработен од мажите. Во Вашингтон, тие заработуваат 91 центи за истата сума, најмногу во земјата.

Разликата во платите е уште поголема за жените кои се припаднички на друга етничка група. Афро-Американките и Јужноамериканските доселеници кои работат со полно работно време заработуваат 64, односно 56 центи за секој долар кој го заработуваат мажите.



Во извештајот се проценува дека со елиминирање на разликата жените би можеле да плаќаат уште 86 недели храна, 7,6 повеќе месеци кредит и сметки и повеќе од 17.000 литри бензин.

Истражувањата покажуваат дека раѓањето и грижата за детето или семејството од страна на жените влијае на нивната заработка.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија