X
 20.06.2017 Култура

Франција избра рекорден број на жени во парламентот

Изборните резултати по претставувањето на листите од страна на претседателот на партијата „Република во движење“ покажале дека бројот на кандидати во францускиот парламент е речиси изедначен по пол. Покрај тоа, новиот состав на парламентот ќе биде најмлад во историјата со просечна старост од 48 години и 8 месеци.

избори
Фото: Tanjug/AP, Bob Edme

Од  577 избрани застапници, 233 се жени, со што се надминува претходниот рекорд од 155. Најмладиот вработен е 23-годишниот Лудовик Пажо од екстремно десничарскиот Национален фронт.

Со новите 233 претставнички во парламентот Франција се поместува од 64-то на 17то место во светот, а на 6то место во Европа, надминувајќи ги Британија и Германија, според податоците од почетокот на овој месец.

Од изборите во 2002 кога беа само 12,3% расте бројот на жени во францускиот парламент и на овие избори достигна 38,6%.

Мактор одлучил да направи чекор и на овие избори жените да ги кандидира во трки во кои имаат изгледи да победат додека претходно била пракса да ги ставаат во однапред изгубени трки, во кои фаворити се други партии.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура