X
 19.04.2015 Живот

Како вашиот поглед кон привилегијата влијае врз другите?

Луѓето не се свесни како привилегијата влијае врз животот на тие околу нас. Зошто? Затоа што привилегијата не го повредува оној кој ја има. Но, ги повредува сите други што ја немаат.

 

привилегија


Како можеме да го промениме проблемот, ако самите не сме свесни дека постои? Не е дека треба да се срамиме од себеси, туку дека треба да обрнеме внимание на другите.

Луѓето можат да искусат привилегија на разновидни начини; преку полот, расата, мобилноста, финансиите итн. Можеби имате привилегија во една работа, но немате во друга. Целта е, дека не треба да се осудувате самите, туку да им помогнете на другите.

Разбирањето на вашата привилегија е првиот чекор во борбата за еднаквост со другите. Со цел да им помогнете на другите, потребно е да го знаете и прифатите предизвикот со кој другите се соочуваат. Најдобриот начин за ова е да знаете кои сте вие. Токму тоа влијае врз животното искуство.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот