X
 21.04.2015 Живот

Болести во чиј третман помага марихуаната


За одредени болести нема многу достапни лекови за третман. Многумина се третираат со повеќе пилули одеднаш, а тие сигурно не се добри за човековото тело. Тука се наоѓаат здравствени состојби и болести како склероза, артритис, епилепсија, глаукома, ХИВ, хронична болка, алцхајмерова болест, рак итн. Значаен број пациенти кај кои е забележана некоја од овие дијагнози користат еден нетрадиционален метод за лекување или третирање. Тоа е марихуаната.

Ова е тренд кој се забележува најмногу во САД. Медицинската марихуана е легална во речиси половина од државите. Многу лекари започнуваат да се прашуваат за ефектите на марихуаната на луѓето. Постојано се прават експерименти и истражувања за да се дознае како може таа да се користи во медицината.

Меѓутоа, просторот за истражување е ограничен. Земјите не дозволуваат спроведување големи истражувања со марихуаната, освен во одредени држави. Лекарите се оставени само со искуствата од пациентите и повремено истражување на животни.

Според досегашните истражувања и искуства на лекарите со пациентите во САД, откриено е дека марихуаната има позитивен ефект во третманот на следниве здравствени состојби и болести:

1. СИДА/ХИВ
2. Алцхајмерова болест
3. Артритис
4. Астма
5. Рак
6. Хронични заболувања
7. Кронова болест
8. Епилепсија
9. Глаукома
10. Склероза


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот