Ако лекувањето дава резултати само привремено, има многу малку шанси за да направи значајни разлики во животите на пациентите. Последните информации од Институтот за истражување на дијабетес при Универзитетот во Мајами носат возбудливи вести.
Помина една година откако кај жена која боледува од дијабетес тип 2, беа трансплантирани клетки кои создаваат инсулин. По се изгледа дека клетките функционираат и понатаму. Таа повеќе нема потреба да прима инсулин преку инјекции или на било кој друг начин.
Целта на истражувањето, кое траело подолг период е да се идентификува одговарачка локација за поставување на мини орган кој ќе ги „имитира“ функциите на панкреасот наречен „
BioHub“. Според резултатите кои ги дава пациентката, мембраната во пределот на стомакот е совршена за таа намена.
Дијабетесот ако не се лечи навремено и несоодветно, може да доведе до низа компликации како слепило, висок крвен притисок, нервно оштетување, па дури и смрт.
Позитивната реакција на пациентката е првиот чекор кон помагањето на милионите луѓе кои патат од оваа
болест, да живеат нормален, здрав живот, ослободени од товарот на постојано справување со болеста.