X
 02.09.2016 Живот

Влијанието од терористичките нападите 9/11 врз луѓето денес

Кога авионот удрил во Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година, спасувачите веднаш се упатиле кон Менхетен. После пристигнувањето, тие се соочиле со Њујорчани кои трчале во спротивната насока, далеку од опасноста.

 

напад


Оние кои биле обучени да се соочат со вакви ужасни сцени влегле во внатрешноста на кулите близначки, а стотици никогаш не излегле. Официјално, 411 спасувачи ги загубиле своите животи тој ден, вклучувајќи речиси 350 пожарникари.

Оние кои преживеале може да се каже дека имале среќа, меѓутоа дефинитивно не поминале без повреди.

Нов извештај, објавен две недели пред 15 годишнината од најголемиот терористички напад на американска земја, ги испитува долгорочните влијанија врз здравјето на спасувачите.

Додека претходните истражувања ги испитувале физичките влијанија - респираторните проблеми и дијагнози за рак, ова истражување се фокусирало на менталното оштетување.

 

2


Истражувачите од неколку универзитети во Америка и Лондон разговарале со 818 спасувачи - резултатите покажале дека 12% од овие луѓе се соочиле со пост-трауматски стрес и когнитивни оштетувања.

Повеќе од 10% од оние кои учествувале во анкетата покажале знаци дека искусиле деменција. Главниот автор вели дека овие наоди се први и се „неверојатни“.

Истражувачите откриле дека од 818 кандидати кои учествувале во истражувањето, 104 доживеале когнитивно оштетување, а 10 имале можна деменција. Тие предвиделе дека повеќе од 5.000 би можеле да страдаат од когнитивни нарушувања, а околу 800 да имаат деменција.

„Илјадници кандидати кои помогнаа во пребарувањето, спасувањето и чистењето после нападот, беа изложени на вонреден спектар на психолошки трауми и токсична изложеност“, се вели во извештајот.

„Покрај физичките повреди, голем дел од нив беа сведоци на несреќата и на смртта на жртвите, им помагале на цивилите, а изгубиле и колеги за време на спасувачките мисии додека барале преживеани“.

 

3


Истражувањето открива дека влијанието од нападот кај спасувачите покажало знаци на деменција. Но најмногу загрижува возраста на која им била дијагностицирана. Когнитивното нарушување и деменцијата најчесто се дијагностицираат на 70 годишна возраст, но учесниците кои учествувале в истражување во просек имале 53 години.

„Бројките се изненадуваат“, вели Д-р Шон Кластон, асистент професор по јавно здравје на Стоуни Брук универзитетот.

Д-р Кластон вели дека спасувачите кои страдале од пост-трауматско стресно пореметување ја имаат токму оваа состојба. Повеќе од 70% примаат лекови кои им помагаат да се справат со битката што ја водат.

Тој вели дека сеќавањето и кошмарите за повеќето од нив започнале во 2002 година. Други пак, живеат со стравот дека може да добијат рак. Како што вели еден спасител: „Настаните од 9/11 не ме прогонуваат, туку ме прогонува стравот да не заболам од рак“.

Извештај од 2014 година покажува дека стапката на рак помеѓу работниците кои работеле на „Ground Zero“ била доста висока. Повеќе од 2.500 спасувачи биле болни од рак. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот