X
 13.06.2016 Здравје

Од денес достапно масло од канабис во македонските аптеки

maslo

 

Во аптеките низ државата од денес е достапно масло од канабис  кое може да се купи без лекарски рецепт (и содржи количина на THC помалку од 0,2 %, а со две различни концентрации на CBD) – од 5% и 7%, информира Министерството за здравство.


Од Министерството велат дека оваа новина произлегува од барањата на граѓаните и на експертската јавност чии мислења и сугестии имаа можност да ги слушнат на јавните дебати поврзани со оваа тема.

„Според меѓународните искуства, станува збор за масло од канабис кое може да има позитивни ефекти при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, може да се користи против симптоми на гадење и повраќање, помага во одржување на балансот на цревната флора, и генерално може да помогне во подобрување на имунолошкиот систем кај човекот. Токму затоа, ова масло се наоѓа во слободна продажба и е достапно за секој човек без лекарски рецепт. Исто така, докажано е отсуство на пестициди и хербициди во производот, добиен со екстракција на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што значи дека се работи за маслен екстракт од највисок квалитет“, пишува на неговиот Фејсбук статус министерот за здравство, Никола Тодоров.

Но, Министерството предупредува дека маслото не може да биде замена за стандардната терапија доколку за одредена медицинска состојба е препорачана од доктор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје