Колку често одбегнувате да завршите нешто затоа што ви недостига мотивација? Тоа веројатно е најлошиот изговор што може да го имате, иако ова им се случува на многумина. Но, иако повеќето веруваат дека мотивацијата е движечка сила за сѐ, концептот на мотивацијата не функционира секогаш исто.
Мотивацијата не е постојана емоција. Таа доаѓа и си заминува и често ја немаме кога е најпотребна. Затоа, не може да очекувате секогаш да имате мотивација кога ви е потребна. Таа често е и краткотрајна, па така на почетокот на одредена обврска може да имате мотивација, а подоцна да ја немате.
Фото: Pixabay
Дури и кога имате јасни цели, мотивацијата е непостојана. Затоа, многу пати за постигнувањето на животните цели повеќе е потребна волјата отколку мотивацијата. Само така ќе може да имате доволно упорност да стигнете до целта или барем да продолжите.
Освен тоа, многу луѓе забораваат и на моќта на навиките. Сите имаме навики што ги правиме без мотивација. Станувањето рано наутро и редовното вежбање се многу полесни кога се дел од секојдневната рутина. А тогаш не ви треба мотивација.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay