Создадена е од руски девелопери, а сега повторно стана популарна поради можноста да ја користите функцијата за подмладување или за стареење.
Но, се поставува прашањето за безбедноста при користењето на оваа апликација, односно заштитата на другите фотографи во вашиот телефон и личните податоци.
Некои истражувачи уверуваат дека апликацијата не презема фотографии од вашиот телефон во текот на користењето и ви дозволува да изберете фотографија за обработка без давање пристап до другите фотографии. Она што „Фејс ап“ го прави е пренесување на избраната фотографија на облак за обработка, па така не се обработува на самиот уред. Тука се поставува и прашањето дали по обработката во облакот се задржува вашата фотографија.
Со оглед на тоа колку луѓе имаат чувствителни информации на својот телефон, а кои ги зачувале како скриншот, давањето пристап до фотографиите може да претставува голем ризик за безбедноста на личните податоци. Затоа бидете внимателни кога на апликациите им давате пристап до вашите
фотографии.