Доколку сте амбициозен лидер, несомнено сте прочитале многу статии за лидерски вештини или трикови со кои може да станете поуспешни. Навистина, сите овие квалитети и трикови се битни и корисни.
Една карактеристика која ја имаат сите успешни бизнис лидери е самодовербата. Многумина мислат дека самодовербата е нешто со кое се раѓаме. Вистината е дека самодовербата е нешто што се добива. Експертите велат дека секој има потенцијал да изгледа како лидер со самодоверба. Во продолжение следуваат најефективните совети од професионалците за лидерите да изгледаат самоуверено.
Изглед
Кога луѓето ќе ве видат, сакате да мислат дека изгледате самоуверено и добро и дека сте способни да водите. За почеток, користете потемни бои. Темните бои претставуваат авторитет. Формалната облека, исто така, е знак за авторитет. За нивото на формалност, погледнете во канцеларијата и облечете се малку поформално од нив. Сакале или не, несвесно сме под влијание на облеката која ја носат луѓето. Нареден пат кога ќе се подготвувате за работа, помислете на мислењето кое сакате другите да го имаат за вас.
Говор на тело
Говорот на телото е елемент кој другите луѓе секогаш го забележуваат. Пред сè, бидете исправени и гледајте нагоре додека зборувате. Ејми Кади има цело истражување зад неа на оваа тема, слушнете го нејзиниот ТЕД-говор:
Глас
Дали знаевте дека може да звучите посамоуверено со адаптација на гласот? Бизнис лидерите зборуваат јасно и гласно. Дишете длабоко за вашиот глас да биде посилен. Намалувањето на тонот е знак на авторитет. Има причина зошто родителите го користат ова со децата - функционира. Конечно, потенцирањето на зборовите е битно за вашата цел да биде разбрана од слушателите.