X
 15.02.2019 Живот

Илон Маск ја откри цената на билетот за Марс

Преселувањето на Марс еден ден може да чини помалку од 100.000 долари, вели Илон Маск, а враќањето би можело да биде бесплатно, доколку не ви се допадне животот таму.

Милијардерот, кој е основач на неколку компании, вклучувајќи ја и приватната вселенска компанија „Спејс екс“, се надева дека еден ден ќе ги однесе граѓаните на Црвената Планета, со надеж дека би можеле да живеат таму.

Според него, патувањето ќе биде релативно евтино, иако делумно зависи од тоа колку луѓето навистина сакаат да одат.

На прашање на „Твитер“ колку би чинело патувањето до Марс, тој изјави дека ќе биде толку евтино што многу луѓе лесно би се преселиле на Марс.

mask
Фото: Getty Images


- Многу зависи од обемот, но уверен сум дека преселувањето на Марс (повратниот билет е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и под 100.000 долари. Доволно ниско за повеќето луѓе од напредните економии да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат - напиша тој.

Маск се надева дека луѓето ќе патуваат со вселенскиот брод на компанијата наречен „Старшип“. Станува збор за вселенски брод што моментално го поминува процесот на тестирање.

- Добрата волја е клучна за успех на „Старшип“ - вели тој.

На својот твитер-профил Маск беше прашан како ќе се погрижи јавноста да биде ангажирана во проектот.

- Планирам да ја информирам јавноста за напредокот и неуспесите. Ќе има тешкотии на патот, но возбудата е загарантирана - напиша тој.

https://www.independent.co.uk/life-style/gadgets-and-tech/news/elon-musk-ticket-mars-spacex-journey-price-cost-date-a8775096.html
Илон Маск ја откри цената на билетот за Марс

Преселувањето на Марс еден ден може да чини помалку од 100.000 долари, вели Илон Маск, а враќањето би можело да биде бесплатно, доколку не ви се допадне животот таму.

Милијардерот, кој е основач на компании, вклучувајќи ја и приватната вселенска компанија „Спејс екс“, се надева дека еден ден ќе ги однесе граѓаните на Црвената Планета, со надеж дека би можеле да живеат таму.

Според него, патувањето ќе биде релативно евтино, иако делумно зависи од тоа колку луѓето навистина сакаат да одат.

На прашање на „Твитер“ колку би чинело патувањето до Марс, тој изјави дека ќе биде толку евтино што многу луѓе лесно би се преселиле на Марс.

- Многу зависи од обемот, но уверен сум дека преселувањето на Марс (повратниот билет е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и под 100.000 долари. Доволно ниско за повеќето луѓе од напредните економии да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат - напиша тој.

Маск се надева дека луѓето ќе патуваат со вселенскиот брод на компанијата наречен „Старшип“. Станува збор за вселенски брод што моментално го поминува процесот на тестирање.

- Добрата волја е клучна за успех на „Старшип“ - вели тој.

На својот твитер-профил Маск беше прашан како ќе се погрижи јавноста да биде ангажирана во проектот.

- Планирам да ја информирам јавноста за напредокот и неуспесите. Ќе има тешкотии на патот, но возбудата е загарантирана - напиша тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот