X
 23.04.2015 Технологија

Бесплатен уред за виртуелна реалност за сите програмери

ХТЦ (HTC) соработува со „Валве“ во создавањето уред за симулација на виртуелната реалност. Прототипите од производот „HTC Vivea“ е достапен само за програмерите.


Програмерите ќе може да го добијат уредот бесплатно, но со оглед на ограниченоста на залихите секој ќе мора да го чека својот ред. Уредот беше претставен на конгрес во Барселона, а може да се најде и под името „HTC Re Vive“.

Кога станува збор за програмерите, нема ограничувања. Секој програмер кој ќе го опише својот тим и својот план може да го добие уредот. Првите примероци ќе бидат испратени доцна оваа пролет.

Заедно со производот, „Валве“ претстави форум за програмери, „Steam VR“. На форумот се разговара за разни решенија во областа на виртуелната реалност.

Програмерите може да се пријават за својот уред ОВДЕ.

Уредот ќе прикажува слика со резолуција од 1,200 х 1,080 пред секое око. Уредот ќе се најде на пазарот подоцна годинава.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија