Во 2001 година радио телексопот Паркс успеа да прими знаци од екстремно голема енергија на радио бранови кои траеја само пет илјадити дел од секундата. Од тогаш, астрономите успеале да открија уште неколку брзи радио експлозии, па дури и набљудувале еден од овие импулси во реално време.
Врз основа на овие согледувања, се чини дека овие радио експлозии доаѓаат од оддалеченост од 3 милијарди светлосни години.
Потеклото на брзите радио ескплозии се`уште е непознато: Тие би можеле да доаѓаат од неверојатно тешки и брзи ракети, или од голем судир меѓу густи неутронски ѕвезди - или од нешто сосема друго.
Некои од истражувачите шпекулираат дека овие радио експлозии доаѓаат од човечка или вонземска технологија, а некои сметаат дека доаѓаат надвор од галаксијата.
Меѓутоа сега, на дебатите конечно ќе им се стави крај. Истражувачите го утврдиле изворот на сигналите неверојатно слични на радио експлозиите.
Што е тоа што ги тера истражувачите да мислат дека радио експлозиите доаѓаат од галаксија? Една ваква радио експлозија се „шири“ во времето, што значи дека брановите кои ги создаваат не пристигнуваат наеднаш во радио телескопот. Додека тие патуваат меѓу ѕвездите, сигналите на брановите успоруваат во зависност од нивната фреквенција. До времето кога сигналот стигнува до радио телексопот, брановите со висока фреквенција веќе ги имаат повлечено оние со ниска фреквенција и тие пристигнуваат порано, развлекувајќи го сигналот. Брзите радио експлозии се многу развлеченим, со што укажува дека доаѓаат од доста оддалечена галаксија.
Другите истражувачи укажуваат дека ефектот на ширење може да има различна причина. Според нив овие експлозии не доаѓаат од други галаксии, ниту пак од други планети. Наместо тоа, истражувачите велат дека тие доаѓаат од секаде, што е сигурен знак дека изворот е локален.