Покрај фактот дека во тоа време оваа игра беше единствена на располагање, играта беше навистина забавна и заразна.
Она што ја прави играта „Змија“ толку неверојатна е нејзината едноставноста; се` што ви беше потребно е монохроматски телефон, неколку пиксели и рудиментарни контроли кои се извршуваа преку притискање на копчињата од телефонот.
„Змија“ не претставува револуционерна игра; таа е класична игра која веројатно сте ја играле милиони пати. Но, она што ја одделува од останатите игри е чувството на носталгија, монотоните звуци и времето во кое сме ја играле.
Доколку сакате повторно да ја играте, можете да ја инсталирате на вашиот паметен телефон под името
„Snake 97“.