X
 24.04.2015 Образование

"Google" организира бесплатна образовна конференција за сите

Конференцијата „Education on air“ на „Google“ се одржува на 8 и 9 мај. Штотуку беа објавени активностите во кои може да уживате доколку се пријавите. Пријавувањето е бесплатно, а конференцијата се одржува на интернет, така што може да уживате во неа додека сте на работа или додека уживате во својот дом. Некои од најинтересните панели кои се вклучени во програмата се следниве.


„Кои се вештините на иднината?“

Во овој панел, Економската разузнавачка единица ќе ги сподели своите откритија од извештајот за вештините на иднината кадешто разговарале со лидери, професори и студенти за да ги анализираат вештините кои се развиваат во образовните системи ширум светот.

„Инспиративни ученици со моќ за раскажување“

Ова е говор од актерот, режисер и автор Левар Бартон, каде тој ќе го дискутира влијанието на раскажувањето на неговиот личен живот и ќе објаснува како раскажувањето влијае на учењето.

„Создавање промени“

Во овој говот, Лиса Бел, основач и извршен директор на „Future Think“ ќе понуди неколку предлози кои може да ги пробате на училиште или на било кое работно место за да започнете револуција во иновацијата.

„Трансформирање на учењето со технологијата“

Во овој панел повеќе лидери од областа на технологијата ќе ги споделат своите пристапи за промена на учењето и предавањето со помош на технологијата.

Звучи интересно?

Пријавете се ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование