X
 21.06.2016 Образование

Иновацијата во училиштата - Колку е навистина битна?

Образованието е основно социјално право и основата на модерното општество. Поради тоа, многу е важно да се има одлични резултати на тоа поле. Сепак, многумина се' уште немаат пристап до образованието, а на многу места има потреба од иновација во образованието за да се обезбеди успех за секој ученик и да се адаптира учењето на новата технолошка и претприемачка ера.


Ограничувањето на класичниот образовен систем

Франција е пример за земја каде што класичните педагошки методи повеќе не работат. Земјата успешно обезбедува образование за граѓаните на универзитетско ниво за секого, но од 2003 до 2012, процентот на студенти кои имале потешкотии при студирањето се зголемил од 16,6% до 22,4%.

Додека системот цели кон еднаквост, земјата не успева да ја постигне целта бидејќи тоа ги спречува студентите да научат што највеќе им одговара. Францускиот образовен систем е критикуван дека не овозможува интеграција на педагошки методи кои го охрабруваат социјалниот и академски развој на секој индивидуалец.

Има многу земји, училишта и инидивидуалци кои преземаат чекори за иновација во образованието со отфрлање на класичните ограничувања и наоѓање нови начини за поттикнување на децата и тинејџерите за да научат.

Образование за модерниот свет

Со подобрувањето на учењето, педагошките методи и иновациите во образовните модели може да се подобри генералното учење, што може и да служи како инспирација за претприемнички потег. Моника Дил објаснува во нејзиниот напис „Од претприемништво до претприемничко образование во средното училиште“ дека претприемничкото образование станува приоритет за државите кои се фокусираат на потребата за вештини и способности за создавање работа меѓу работната сила.

Таа додава дека ова образование не е само за давање фиксни решенија и предавања, туку обезбедување на вештини за преземање иницијативи.

Ако земјите се надеваат на иднина во која младите луѓе се иноватори за социјалното добро и прават успеси за подобар живот, тоа значи дека треба позитивно да ги охрабруваат учениците да го научат тоа додека растат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование