Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има мисија за достигнување на супериорноста во правното образование, со приоритетна обврска - ориентацијата на своите студенти кон иднината. Ние ви нудиме можност – вие треба да ја препознаете и да ја искористите најдобро што можете.
Правото бара доживотно учење, вклучувајќи постојано образование, компјутерски вештини, комуникациски стратегии, етика, правосуден испит. Нашата четиригодишна студиска програма по правни студии ги профилира студентите во согласност со концептот на модерно академско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката. Со голема поддршка од тимот на квалитетни професори и соработници крајниот производ е неизбежен, а тоа се студенти со стекнати знаења и вештини за работење во сферата на правосудството, адвокатурата и нотаријатот, извршната и законодавната власт, за работење во политичките институции, за работење во претпријатијата и компаниите, како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации итн.
Во текот на студиите нашите студенти се вклучени во процесот на клиничка настава преку Правната клиника, додека активно помагаат и при реализацијата на меѓународните научни конференции во организација на Правниот факултет. Исто така, во текот на студиите нашите студенти своите реторички способности и правно размислување ги развиваат преку клубот “Titus Flavius Orestes” и постојаното учество на меѓународни, регионални и национални moot court натпревари за процеси пред Европскиот суд за човекови права.
Трудољубивите имаат и можност на Правниот факултет да го заокружат процесот на образование, продолжувајќи на некоја од квалитетните студиски програми со кои располагаат вториот и третиот циклус на студии.
Би ја издвоиле програмата Казнено право и криминологија на втор циклус, преку која студентите се запознаваат со предизвиците во локален, меѓународен и глобален контекст, сублимирајќи ги теоретските знаења и практични вештини во сфаќањето и реакцијата на споменатите предизвици. Преку програмата студентите би развиле напредно, интегрирано и современо сфаќање за клучната улога на криминологијата во истражувањето на криминалното однесување и местото на кривичното право во процесот на создавањето на општествените норми.
Програмата од трет циклус – Меѓународно право и меѓународна политика е интердисциплинарна програма која на докторандите им овозможува да ги прошират своите теоретски, методолошки и емпириски знаења и академски способности во сферата на меѓународното право и меѓународната политика. Докторските студии овозможуваат анализа, истражување и дискусии за модерните предизвици на меѓународната заедница, миграциите, тероризмот, човековите права, дискриминацијата.
Правниот факултет во своето десетгодишно постоење докажа дека е достоен избор за секој иден студент и дека има капацитет за изградба на квалитетни правници кои ќе можат да го понесат товарот при изградбата на општествен систем во кој владеењето на правото ќе биде основниот столб.
На нашата држава ѝ се неопходни токму такви кадри, затоа вашиот избор нека биде Правниот факултет, УКЛО - Битола.
Ве очекуваме!
(Комерцијална објава)