Студирањето не е само добивање знаење, туку и добивање искуства. А, кое искуство е подобро од она меѓународното, кое вклучува патување и запознавање нови луѓе? Некои земји, просто, нè покануваат да дојдеме и да имаме вакви искуства за време на студирањето.
Германија
Државните универзитети се добро рангирани, а има многу програми на англиски јазик. Во земјата има приближно 900 програми на англиски јазик од сите области. Најдобриот дел со високото образование во Германија е тоа што студирањето е бесплатно за сите.
Финска
Студирањето е бесплатно во Финска и за странските државјани, а може да се најдат голем дел програми на англиски јазик. Странците мора да ги покријат сите останати трошоци за живот.
Франција
Во Франција има најмалку 76 програми на англиски јазик, но голем дел од нив се понудени од приватни универзитети, кои се скапи. Има курсеви кои се создадени за студенти кои зборуваат англиски јазик. Студирањето не е скапо на државните универзитети, тоа чини приближно 200 евра, што е исто како кај нас.
Шведска
Ова е една од најбогатите земји во светот, но нуди мошне пристапни програми за студирање. Во земјата се нудат повеќе од 300 програми на англиски јазик.
Норвешка
Студирањето е бесплатно и за странските студенти. Многу норвешки универзитети нудат програми на англиски јазик. Сепак, трошоците за живот во земјата се малку повисоки од останатите земји на листата.
Словенија
За студирање се достапни приближно 150 програми на англиски, а странците плаќаат минимална сума за студирање.
Бразил
Значаен дел од програмите се на англиски јазик, а државните универзитети се речиси бесплатни. Два универзитети од земјата биле рангирани меѓу најдобрите во светот.