Освен гризните жаришта во Сирија и Ирак, голем број бегалци се обидуваат да избегаат од Африка во Европа. Кои се тие и зошто тргнуваат долг и неизвесен пат кон Европа?
Се чини дека на трагедиите им нема крај. Според наодите на Антоан Гутерес, ввисокиот комесар на ОН за бегалци, најмалку 2.000 лица загинале во текот на нивното опасно патување. Покрај Сиријците и Ирачаните, за вакви опасни патувања се одлучуваат и Африканците, особено од овие неколку земји.
1. Еритреја
Во оваа земја уште од прогласувањето на независноста на Етиопија пред 22 години владее Асајас Афеверки. Тој е претседател, претседател на владата, врховен командант, претседател на парламентот и на чело на една партија која е дозволена во оваа земја. Него не го интересира што другите мислат за него, па затоа често пати оваа земја се нарекува „Северна Кореја на Африка“.
Бидејќи таму идејата за човекови права е непозната, економијата е на колена. Секојдневно се апсат луѓе без никаква причина, а често пати тие се и измачувани. И оние луѓе кои се на слобода се соочуваат со сиромаштија и безнадежност, што ги тера луѓето да ја напуштат земјата. Само во Италија во првата половина на 2015 година биле регистрирани 18.000 емигранти од Еритреја. Според UNHCR, минатата година од оваа земја избегале 357.000 Еритрејци, што е над 5% од населението во земјата.
Многу често тоа се млади мажи кои сакаат да ја избегнат службата во армијата. Службениот воен рок трае 18 месеци, а често може да биде продолжен на неодредено време. На диктаторот му се потребни војници, и голем број деца уште од 14-та година мораат да облечат униформа.
2. Сомалија
Во меѓународната политика, Сомалија често пати се наведува како пример за „пропадната држава“. Повеќе од 20 години, оваа држава нема никаква централна власт која би функционирала. Наместо тоа, владее граѓанска војна, глад и недостаток на било каква перспектива дека ќе биде подобро. Затоа заминува секој кој може: Програмата за развој на UNDP уште од 2009 година објави проценка дека уште тогаш 14% од населението живеело во странство. Тоа е повеќе од милион луѓе, а Сомалијците се`уште ја напуштаат земјата.
И денес се`уште се водат битки во многу делови на Сомалија. Особено се истакнува исламистичката милиција Ал Шабаб која го тероризира локалното население и која ги проширува нападите во соседна Кенија. Во Сомалија беа испратени единиците на Африканската унија, па дури и заедно со редовната армија имаат постигнато некои воени успеси, меѓутоа сепак Ал Шабаб цврсто ја држи контролата над поголеми делови од земјата. Поради ова луѓето најчесто се иселуваат од земјата. Според податоците на UNHCR, во првата половина на оваа година скоро 7.000 Сомалијци се одлучиле да се иселат од нивната татковина.
3. Нигерија
Бегалци има и од западна Африка, особено Нигерија. Северниот дел на оваа земја постојани се нападите на терористичката исламистичка организација Боко Харам кои предизвикаа хуманитарна катастрофа, такашто и оваа најнаселена земја на Африка се искачи на високо место на листата на земјите од кои потекнуваат бегалците. Како резултат на тоа, од јануари до јуни оваа година, во Италија пристигнаа околу 8.000 Нигеријци, двојно повеќе од минатата година. Меѓу нив има и луѓе кои бегаат и од насилството и злоупотребата во Либија.
4. Гамбија
Гамбија нема ни два милиони жители и претставува една од најмалите земји во Африка. Сепак, италијанските власти во првата половина на оваа година забележија речиси 4.000 бегалци од оваа земја. Главната причина е две децениското владеење на тиранинот Јаје Јамеха. Според извештаите од ON од минатата година, и таму полицијата и армијата прават што сакаат: апсат кого сакаат, а по затворите ги малтретираат затворениците такашто населението живее во страв.
Како што е вообичаено во секоја диктатура, во земјата половина од населението живее под линијата на сиромаштијата. Околу 60% од Гамбијците се неписмени, а повеќето од нив живеат од она што им го испраќаат роднините кои успеале да избегаат од оваа земја.
5. Судан
Ова е земја која е уништена од војната која се води долги години со голем број бунтовнички сили. Суданската провинција Дарфур, уште од 2003 година е место на масакр во кој животот го изгубиле повеќе од 300.000 луѓе. Дури во 2011 година е завршена една од граѓанските војни со која се отцепи Јужен Судан, меѓутоа сепак насилството и војните не запреа. Нападите врз цивилите и етничкото „чистење“ на илјадници луѓе се принудени да избегаат.
Судан истовремено претставува и земја во која пристигнуваат многу бегалци. Само од сега независниот Јужен Судан стигнале 189.000 бегалци. Исто така, 167.000 бегалци дошле од Еритреја, Етиопија, Чад и Демократската Република Конго.
Во првата половина на 2015 година, повеќе од 3.500 бегалци успеале да се заштитат во Италија, седум пати повеќе во однос на годината пред тоа. Ова ненадејно зголемување е резултат на немирите во Либија.
6. Сенегал
Оваа држава во западна Африка е пример земја од Црниот континент: претседателот е избран на деморатски избори, државата и нејзините институции воглавно функционираат, и речиси никој не умира од глад. Сепак, италијанските власти од почетокот на годината имаат евидентирано над 2.800 граѓани о оваа земја. Зошто граѓаните се одлучуваат за преселување?
Најчесто тоа се младите луѓе кои живеаат во селата и населбите, кадешто не постои голема економска перспектива. Тие бараат работа, перспектива и сакаат да им помогнат на нивните семејства.