X
 09.03.2017 Живот

Wizz Air лансира предизвик за младите!



WIZZ AIR ЛАНСИРА ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ
СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ДОБИЈАТ НЕОГРАНИЧЕНО ПАТУВАЊЕ СО МРЕЖАТА НА WIZZ ЗА ЕДНА ГОДИНА

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Цeнтрална и Источнa Европа, денес објави дека го започна првиот WIZZ натпревар за млади, интернационален натпревар за истражување за студенти од универзитети и колеџи. Натрпеварот нуди фантастична можност за следната генерација менаџери да стекнат професионални искуства соочувајќи се со вистински бизнис прашања и проблеми. Главната награда на натпреварот е неограничени патувања со мрежата на WIZZ една година. Студенитет кои поседуваат активна диплома или статус Магистар на универзитет или колеџ можат да се регистрираат за натпреварот поврзан со авиација и маркетинг до 5 Април 2017 со потполно комплетирање на апликацијата на https://wizzair.com/en-gb/wizz-youth-challenge и да ја пратат на wizzyouthchallenge@wizzair.com.

Сите регистрирани тимови ќе го добијат истражувањето заедно со детални упатства и позадински материјали, на 7 Април 2017 и ќе треба да ги достават своите одговори до 21 Април 2017. Тимовите со најдобро истражување ќе бидат селектирани од страна на внатрешниот тим за оценување на WIZZ и поканети да присуствуваат на финалето во живо, организирано во Будимпешта на 18 Мај 2017. Финалистите ќе ги презентираат своите истражувања на жирито на WIZZ натпреварот за млади, составено од главниот менаџмент тим на Wizz Air и надворешни експерти.

Членовите на победничкиот тим ќе уживаат во неограничени патувања со мрежата на WIZZ, која моментално нуди повеќе од 500 рути од 28 бази и поврзува 138 дестинации пркеу 40 земји, додека вториот и третиот тим ќе добијат бесплатни повратни билети од авиокомпанијата.

Повеќе информации за WIZZ натперварот за млади се достапни на https://wizzair.com/en-gb/wizz-youth-challenge.

Owain Jones, оперативниот директор на Wizz Air изјави: “Kако најголема ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Wizz Air се гордее со можностите кои ги создаде за луѓето – овозможувајќи на нашите клиенти да го искусат одличниот квалитет во воздушниот сообраќај со најниска цена или можноста за членовите на нашиот талентиран, посветен WIZZ тим да ги развијат своите карирери со една од најбрзо растечките Европски авиокомпании. Затоа сме воодушевени што го започнавме WIZZ напреварот за млади, придонесуваќи огромна можност за следната генерација на менаџери да ги тестираат своите способности и знаења додека стекнуваат вистинско професионално искуство и да имаат пристап и повратна информација од постарите и повисоки претставници во индустријата. Wizz Air ги поддржува студентите кои негуваат страст кон авијацијата и менаџментот, и сакаат да ги запознаат најдобрите тимови на финалето во живо во Будимпешта.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот