Лондон, 25 Ноември 2015 година - Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во
Централна и Источна Европа, минатата недела почна да оперира со својот нов Ербас А321ceo кој
располага со 230 седишта а денес авиокомпанијата покани медиа представници од земјите каде
Wizz Air остварува највеќе летови, да присуствуваат на пробен лет од од базата во Будимпешта до
Лутон Лондон, еден од најфрекфрентните визерови аеродроми.
"Најголемата корист од новиот Ербас A321 е пониската цена која можеме да им ја понудиме на
нашите патници, како резултат на својата поголема ефикасност наспроти нашите сегашни A320s.",
Вели Џон Стивенсон, извршен потпретседател на Wizz Air. "Новиот Ербас A321, може да се пофали
и со еден нов модерен ентериер, кој и во иднина ќе ги намали штетните емисии врз животната
средина."
Првиот Wizz Air A321ceo, започна со неговите комерцијални летови од Будимпешта до аеродромот
во Лондон Лутон, на 20 Ноември оваа година. Покрај овој Ербас, компанијата Wizz Air има
дополнителна нарачка на 26 нови Ербас A321ceo авиони, кој треба да бидат испорачани до 2018
година, вклучувајќи ги тука и вториот кој треба да биде испорачан во декември и уште девет во
текот на 2016 година. Првите четири A321ceо, ќе бидат со седиште во Будимпешта, а
последователните испораки ќе бидат распоредени низ најпопуларните мрежи на Wizz Air.
“Среќни сме што го имаме новиот Ербас A321, кој ќе го зголеми капацитетот на најпопуларните
рути и ќе и овозможи на компанијата да има бенефит и од најефтините летови, ние сме убедени
дека A321ceo ќе помогне ефикасно да расте побарувачката за воздушен сообраќај на WizzAir,
изјави Кристофер Бакли - извршен потпретседател во Ербас, на Африка, Европа и Азија
(Пацифик).”
Додавањето на A321ceo, најголемиот член од семејството A320, ќе му овозможи на Wizz Air да се
соочи со зголемата побаручка од страна на патниците за ефтини летови во Централна и Источна
Европа.
Во првата половина од фискалната 2016 година (годината завршува на 31 Март 2016 година),
Wizz Air превезе 10.7 милиони патници, со што имаше зголемување од 20 проценти споредбено со
истиот период од минатата 2015 година и исто така го зголеми факторот на товар на 90.7 отсто.
Wizz Air неодамна го најави договорот за лизинг со ЦБП ЛИЗИНГ за финансирање на шест A321ceo
Ербас авиони, вклучувајќи ги и двата A321s испорачани оваа година.
1 Ербас A321ceo моментално го очекува својот нов мотор кој треба да пристигне во Wizz Air во текот на 2018
година. Моментално авионите на Wizz Air, A320ceo and A321ceo користат IAE V2500 мотори.
2 Ербас A321ceo моментално го очекува својот нов мотор и ветуваат поефективна услуга, како резултат на
моторите со нова технологија. Wizz Air сеуште не се одлучи за мотор на нивните нови порачани 110 Ербас
А321neo авиони кои ќе бидат испорачани во 2019 година.