X
 21.05.2015 Живот

Wizz Air ја најавува својата 22. база

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес најави дека ќе ја отвори својата 22. база, на 16 декември во Дебрецен (Унгарија), со еден нов Airbus А320 а со тоа ќе ги зголеми и понатамошните регионални унгарски услуги.



Оттука веќе се спроведуваат WIZZ летовите, а Дебрецен ќе биде вториот Унгарски аеродром каде има оперативна база. Со новиот авион ќе се зголеми бројот на рутите од Дебрецен до шест нови дестинации, а ќе се зголеми и годишниот капацитет на седиштата од аеродромот, на 136% до 145.000 седишта годишно. Авиокомпанијата се надева дека ќе го стимулира локалниот пазар на работна сила во секторот: авијација и туризам и дека потрошувачите ќе имаат пристап до повеќе правци по ниски цени.

WIZZ од неговата база во Дебрецен ќе воведе  три нови рути до Брисел Шарлероа, Малме и Париз Бове, со почеток од 16 Декември, првично со два лета во неделата. Со летот од  Дебрецен до Париз Бове, унгарските потрошувачи со ефтините WIZZ билети ќе иммат можност да отпатуваат до Францускиот главен град. Постоечките фрекфренции од Дебрецин до Лондон Лутон и Еиндховен, исто така ќе се зголемат.

Wizz Air сега нуди вкупно 47 унгарски рути до 22 земји од двата унгарскиот аеродроми. Билетите  за новите правци од Дебрецен се веќе во продажба со цена од само 5990 HUF * и истите можете да ги резервирате на wizzair.com.

WIZZ AIR НОВИ РУТИ ОД ДЕБРЕЦЕН:

Дестинација         Ден         Почнувајќи од         Цени од*
Париз Бове         Сре, Саб          16 Дек                 HUF 6,990
Брисел Шарлероа    Пон, Пет    18 Дек                HUF 6,990
Малме    Пон, Пет                       18 Дек               HUF 5,990



WIZZ AIR ГИ ЗГОЛЕМИ ФРЕКФРЕНЦИИТЕ ОД ДЕБРЕЦЕН:

Дестинација    Неделни летови    Од
Лондон Лутон    од 7 на 10            17 Дек
Еиндховен          од 2 на 3              17 Дек


За време на прес-конференција во Дебрецен, József Váradi, извршниот директор на Wizz Air рече: "Пред два дена ја прославивме нашата 11-годишнина со нов изглед на авионите и со освежен бренд, како дел од нашата посветеност кон постојано подобрување на патничкото искуство . Денес сум горд што можам да зборувам за Унгарија и Hajdú-Bihar областа. Нашата оперативна база во Дебрецен ќе овозможи Источна Унгарија да стане подостапна, ќе го поттикне туризмот и ќе го помогне економскиот развој во регионот. Ќе отвориме многу работни места во Wizz Air и кај нашите деловни партнери зголемувајќи го двојно нашиот капацитет од аеродромот во Дебрецен."

За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 59 Airbus A320 авиони и нуди над 380 рути од 22 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската годинa, до 31 Март 2015. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот