X
 12.08.2020 Образование

Првачињата тргнуваат на училиште среде пандемија. Дали е безбедно, што ако не појдат на школо...

Во нормални околности, ова е време во годината кога родителите се прашуваат дали нивните деца се подготвени за прво одделение. Почетокот во училиште е голема одлука и промена за секој родител, но и страв и стрес дали детето ќе може да ги исполни социјалните и образовни очекувања. А денес тој страв и стрес се уште поголеми, вели психологот Фросина Денкова-Зафировска.

– Верувам дека секој родител си го поставил прашањето: Дали моето дете ќе биде безбедно доколку се почне со физичка настава во септември. Но она што можеби е пореално, а пострашно е прашањето – што ако не се почне со настава? Како да го подготвиме нашето прваче за првиот училишен онлајн-час, за првата средба со наставникот и родителите. Сите сме свесни дека дете на возраст од шест години е потешко да задржи внимание од 45 минути пред компјутер, но како да заборавивме на потребата од социјална интеракција, физичка активност и фина моторика – вели таа.

Ставот и советите на доц. д-р Фросина Денкова-Зафировска и проф. д-р Софија Георгиевска прочитајте ги на Деца.мк.

Филипче: Наставата да почне онлајн, освен за првачињата е ставот на Комисија за заразни болести

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование