X
 20.10.2018 Образование

Англиско училиште воведе „полиција за униформи“ која ќе им ја мери должината на здолништата на ученичките

Родители на голем број ученици се разбеснија по одлуката на контроверзно средно училиште во Англија за воведување на „полиција за униформи“ која ќе им ја мери должината на здолништата на ученичките.

„Чартер Академи“ во Грејт Јармут, Англија, е училиште кое ја забрани фризурата наречена „Да се сретнеме во 'Мекдоналдс'“ (Meet Me At McDonald's), а сега повика експерти бидејќи ученичките ги засукувале здолништата.

Фото: Mirror

Родителите ја искритикуваа одлуката на раководителот Бери Смит. Но, од училиштето во кое учат околу 800 ученици си ја бранеа одлуката. Оттаму истакнаа дека експертите идентификувале неколку ученички кои не ги почитувале правилата и ги засукувале здолништата, кои треба да бидат со должина до колената.

-Мислам дека е шега. Би помислиле дека имаат поважни нешта за работа отколку да губат време на проверка на униформите на децата - напиша една мајка на „Фејсбук“.

Забранетите фризури
Фото: Mirror
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование