X
 29.04.2015 Образование

Докторски студии по надареност и талентираност во Битола

Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола, во новиот предлог-конкурс за следната академска година, има неколку нови студиски програми кои треба да бидат акредитирани од Одборот за акредитација и евалуација.

 

Дали тоа ќе се случи останува неизвесно, затоа што периодов се прави нов Закон за високо образование, па не се знае дали ќе е дозволи акредитација на нови студии.

Според предлог-конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во наредната академска година, покрај постојните, УКЛО ги нуди следните нови студиски програми: Агроменаџмент на Факултетот за биотехнички науки, како и Информатички науки и комуникациско инженерство на Факултет за информатички и комуникациски технологии.

Нови програми е предвидено да има и на трет циклус студии во наредната академска година, а тоа се Надареност и талентираност на Педагошкиот факултет, како и Иновативни технологии за храна и нутриционизам на Технолошко-техничкит факултет во Велес. Исто така предложено е и да има Технологија на производство и преработка на тутун и производи од тутун, на Научниот институт за тутун во Прилеп.

Дали предлозите ќе поминат, зависи од Министерството за образование и наука. Уписите на нови кандидати ќе се случат во август.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование