X
 09.07.2021 Образование

Уписи на УКЛО - Создаваме иднина: Економски факултет - Прилеп

Економскиот факултет - Прилеп е целосно подготвен за успешен упис на нови студенти во академската 2021/2022 година.

Економскиот факултет - Прилеп, како современа високообразовна институција, е профилирана според највисоките светски високообразовни стандарди и нуди современи студиски програми и функционални просторни услови за студирање. Факултетот располага со одлични инфраструктурни и технички капацитети: 5 амфитеатри, 15 предавални, современи компјутерски центри, библиотека, интернет-клуб, видеоконференциска опрема, со што целосно ги исполнува современите барања и потреби на студентите, соодветно на законски предвидените нормативи и стандарди.

Она што е особено важно е дека студиските програми на Факултетот динамично се приспособуваат според потребите и барањата на пазарот на труд и кореспондираат со развојните трендови и стратегии на земјата. За академската 2021/2022 година, Економскиот факултет нуди широк спектар на студиски програми од сите три циклуси на студии од следниве области: банкарство и финансии, сметководство и ревизија, меѓународен бизнис, менаџмент, маркетинг-менаџмент и е-бизнис.

2

На прв циклус моментално функционираат шест атрактивни студиски програми, и тоа: сметководство и ревизија, маркетинг- менаџмент, меѓународен бизнис, менаџмент, е-бизнис и банкарство и финансии. Според Конкурсот за упис на студенти во академската 2021/2022 година, на Економскиот факултет има 248 слободни места за редовни студенти во државна квота, каде што износот на партиципација изнесува 200 евра годишно, 30 слободни места за редовни студенти со школарина за студирање во износ од 400 евра и 18 слободни места за вонредни студенти со школарина од 400 евра годишно.

2

Деканот на Факултетот, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, истакнува дека за студентите од другите градови во државата постојат одлични услови за сместување во државниот студентски дом „Орде Чопела“ со капацитети за престој и исхрана според високи стандарди и исклучително поволни финансиски услови.

Факултетот, исто така, нуди дополнителни можности за развој на професионалните и интелектуалните капацитети на студентите преку нивно вклучување во различни студентски активности, реализирање практична работа во голем број компании, остварување студентска мобилност на некој од универзитетите во странство и др.
За академскиот подмладок на Економскиот факултет, бизнис-заедницата редовно обезбедува финансиска поддршка од компании и фирми со кои Економскиот факултет има воспоставено долгогодишна соработка и традиционално негува добри односи.

3

Оваа соработка, според деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, се реализира и со организирање предавања од истакнати експерти од практиката и со практична настава за студентите со цел тие да можат да се стекнат со апликативни знаења и вештини. Менаџментот од Економскиот факултет оценува дека континуираното инвестирање во студентите, благодарение на партнерството на академијата со институциите, фирмите и бизнис-компаниите, дава конкретни резултати затоа што во центарот се поставуваат најважните чинители - студентите, идните носители на развојот на државата.

4

Меѓу најсилните предности што се очекува да бидат соодветно препознаени кај матурантите и сите млади луѓе што знаат дека економијата ги придвижува сите активности, Економскиот факултет – Прилеп ги истакнува традицијата и континуираниот развој, достигнувањата во економската наука и едукацијата, како и примената на знаењата во реалниот сектор, бизнисите и  националната економија во целина.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование