„Гугл“ ја отвори својата прва продавница. Таа е наречена „The Google shop“, а се наоѓа во Лондон.
Во продавницата ќе се продаваат уреди на „Андроид“, компјутери на „Хром“ и други производи од компанијата. Ќе има и демонстрации на апликации од „Гугл“.
Компанијата не заборава на искуствата, па така и оваа продавница ќе нуди повеќе искуства како ѕид на кој потрошувачите ќе може да прскаат со спреј и голем екран над кој ќе може да се лета и да се ужива во „Google earth“.
Во продавницата редовно ќе се одржуваат предавања и настани од теми во областа на технологијата. Ќе има и кампови за учење програмирање наменети за деца.
Во план е отворањето на уште две вакви продавници во Велика Британија.