Неодамна беше завршен првиот вертикален шумски град во Кина, кој обезбедува дом за околу 500 луѓе и над 5.000 дрвја и грмушки.
Иако кулите не се сметаат за зелени површини, италијанскиот архитект Стефано Боери се обидува да го промени тоа.
Неговиот последен проект наречен „Изихоум Хуанганг“ се протега на 4,54 хектари и вклучува две станбени и три комерцијални кули.
„Хуанганг“ е дом на повеќе од 1,2 милион луѓе и се наоѓа во провинцијата Хубеи, околу 70 километри источно од Вухан.
Иако новиот комплекс е препознатливо дело на Боери, најпознат по „Боско вертикале“ во Милано, станбените кули се искомбинирани со отворени и затворени балкони за да создадат ефект на скали.
Овој дизајн има цел да создаде континуирано движење што постојано се менува, бидејќи зградата ги спојува природните и изградените средини.
Целото зеленило е од автохтони, неинвазивни видови. Има 404 дрвја, претежно гинко билбоа, што е еден вид гингоал, што датира од пред 290 милиони години.
Во дизајнот се користени и 4.620 грмушки и 2.409 квадратни метри трева, цвеќиња и растенија.
Се проценува дека секоја година вертикалната шума ќе апсорбира околу 20 тони јаглероден диоксид, додека испушта приближно 10 тони кислород.
- Дизајнот овозможува одличен поглед на фасадите обложени со дрвја, подобрувајќи го сензорното искуство на зеленилото и интегрирајќи го растителниот пејзаж со архитектонска димензија - вели архитектот Стефано Боери.
- Жителите на кулите имаат можност да го искусат урбаниот простор од поинаква перспектива додека целосно уживаат во удобноста да бидат опкружени со природа.