X
 23.05.2015 Живот

Палмата која врши самоубиство

Палмата тахина (тахина спектабилис) е вид на џиновска палма која расте само во северозападниот дел на Мадагаскар. Овој вид на палма е најголем од останатите 170 видови кои потекнуваат од островот Мадагаскар.



Нејзиното стебло достигнува должина од 18 метри. Листовите се со големина од 5 метри (16 стапки).

Палмата била откриена од францускиот менаџер за растенија Хавие Метс и неговото семејство. Тиево во 2007 година биле првите кои ја забележале ова џиновска палма.


Животниот век на оваа палма е до 50 години. Тахина палмата се однесува како и сите останати палми. Но на старост од околу 30 до 50 година (на крај од животот) од стеблото се формира едно соцветие на кое се развиваат непресметлив број на цветови и плодови.

За да ги привлече инсектите во цветовите се синтетизира нектар. Количеството на нектар е огромно на толку голем број цветови. Соковите од дрвото толку многу се пренесуваат во цветовите а подоцна и во плодовите што палмата колабира и умира. На одреден начин, палмата умира за да произведе повеќе цветови.

Извор: Optimum Naturae


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот