X
 07.05.2015 Образование

Креативен наставник со необичен начин на предавање

рон

 

Рон Кларк е еден од најдобрите наставници во Северна Каролина кој никогаш не престанува да се смее. Откако предавал во рурална област пет години, тој се преселил во Источен Харлем со мисија да помогне во подобрувањето на училиштата во оваа област.


„Воден сум и имам мисија за овие ученици, имам визија за нивната иднина. Сакам да успеат“, вели тој.

Неговата безгранична енергија и забавно-љубовен дух е заразен. „Се додека имате способност да научите, тој може да направи се` за вас. Тој може да ве направи вистинска ѕвезда“, вели еден негов ученик.

Во 2007 година Кларк ја отвори Академијата Рон Кларк во Атланта.

„Сакав да создадам училиште кое ќе биде креативно, иновативно и ќе ги има најдобрите наставници во Америка. Најдовме локациј во центарот на Атланта, Џорџија. Станува збор за зграда стара 100 години која некогаш била фабрика. Погледнав во зградата и си реков: Ова ќе биде нашето училиште“, вели Рон.

Во неговата академија, не е невообичаено да влезете во училница во која наставник рапува за нивната лекција или танцува на клупата. Кларк признава дека наставата е различна, меѓутоа позади секоја лекција постои метод.

„Целата работа е како еден човек да стигне да стане добар наставник. Се работи за контакт со очите, врската, како го испрашувате вашиот ученик. Наставниците треба да бидат среќни, добро расположени. Само тогаш нивните ученици ќе бидат задоволни“, вели тој.

Неговите ученици се согласуваат. „Тој не` тера да се смееме со тоа што јас сакам да учам повеќе. Не` развеселува на секој можен начин и ни дава енергија да учиме“, вели една ученичка.

Се чини дека методот на Рон успева. Учениците од оваа академија имаат подобрени резултати на тестовите. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование