Денешниот ден, 5 Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите.
Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација.
Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.
- Оние што добро ги едуцираат децата треба да бидат почестени повеќе од родителите, затоа што тие даваат живот, а наставниците ја даваат уметноста на доброто живеење.
- Добриот наставник е како свеќа - се троши себеси за да им го осветли патот на другите.
- Добрите
наставници знаат како да го извлечат најдоброто од учениците.
- За една земја да биде ослободена од корупција и да стане нација на убави умови, има три клучни општествени членови што можат да направат разлика: таткото, мајката и наставникот.
- Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност.
- Ако треба да поставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се хероите на општеството.
- Образованието не е само полнење на тенџерето, туку палење на огнот.
- Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Kвалитетниот наставник демонстрира. Најдобриот инспирира.
- Врховната уметност на наставникот е да ја разбуди радоста во креативното изразување и знаење.
- Потребно е големо срце за да се помогне во обликувањето на малите умови.
- Во наставата не можете да го видите плодот на дневната работа. Тој е невидлив и останува таков можеби дваесет години.
- Наставниците се најодговорни и најважни членови на општеството бидејќи нивните професионални напори влијаат врз судбината на земјата.
- Единствената надеж за човечко спасение лежи во поучувањето.
- Наставниците можат да го променат животот на учениците со правилна мешавина од креда и предизвици.
Фото: Freepik