X
 08.05.2015 Образование

Бојкотот продолжува, средношколците бараат средба со Адеми и Ристовски

Средношколците на прес-конференција пред малку одржана во паркот пред Министерството за образование истакнаа дека продолжуваат со бојкотот и кампувањето во знак на протест.

Од пленумот го повикаа министерот Адеми и неговиот заменик на повторна средба во понеделник, а рoдителите ги потсетија надлежните дека предупредување од 25 дена не одење на настава не е правно издржано, бидејќи се однесува на неоправдани отсуства. Тие побараа да седнат на маса со средношколците и да се разговара за нивните барања за државната матура и екстерното тестирање

"Нашите барања се цврсти и одлучни и остануваме на нив. Остануваме тука на средношколскиот фронт, и на сонце и на дожд, за да ја оствариме нашата цел, а тое е подобро образование во Република Македонија. Затоа ги повикувам сите средношколци, родители и сите загрижени граѓани да дојда пред Министерството во 17 часот и да го искажат својот револт. Нека дојдат сите што можат, да бидеме во поголем број и да покажеме масовност за да видат дека не сме се откажале од нашата цел", изјави Александар Милевски од Средношколскиот пленум.




Прашањата за екстерно објавени?

НЕ, НЕ ГИ САКАМЕ ПРАШАЊАТА, САКАМЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ следниве аргументи и да прифатите дека се на наша страна.

1. Екстерното тестирање не го унапредува знаењето и интелектуалните процеси кај учениците

Според стандардите за оценување во средните училишта пропишани од Бирото за развој на образованието, нивото на знаење и способности кај ученикот се оценува преку следните параметри:
• Помнење
• Разбирање
• Применување
• Анализа, синтеза и вреднување

Земајќи го во предвид предвидениот концепт од јавен пулт на прашања, со екстерното тестирање акцентот на учење е ставен само на првиот параметар-Помнење, кој воедно е и најниското ниво на учење. Просто меморирање на факти без нивно разбирање, анализирање, знаење како да се применат не придонесува кон унапредување на знаењето за предметот кој се полага Дополнително, овој концепт на оценување не стимулира развивање на повисоките интелектуалните процеси кај учениците, туку само ја поттикнува способноста за репродукција. Стимилирањето на краткотрајно меморирање на факти го обезвреднува сиот вложен труд на ученикот во текот на целата школска година и неговата активност за предметот. Оттука, јасно укажуваме дека екстерното оценување не стимулира унапредување на знаењето и не придонесува за развивање на интелектуалните процеси кај учениците.

2. Оценката добиена од екстерното тестирање не може да се спореди со оценката добиена од предметниот наставник/ Оценката добиена од екстерното тестирање не соодветствува со знаењето на учениците

Со предвидениот концепт на екстерно тестирање, оценката на ученикот добиена од предметниот професор еднакво се вреднува со оцената стекната преку екстерното тестирање. Овие две оценки се добиваат од различни параметри и оттука тие не може да се споредуваат. Поточно, крајната оценка што ученикот ја добил од предметниот професор се базира на сите претходно добиени оцени по дадениот предмет, вклучувајќи ја и целокупната активност на ученикот во текот на школската година. Дополнително, при тестирањето на знаењето, според одредбите предвидени од Бирото за образование, професорите мора да тестираат колку информации учениците запомниле, колку ги разбираат инфромациите, нивната способност за анализа, синтеза, вреднување, како и можноста да го применат практично нивното знаење. Во споротивно оценката од екстерното тестирање не ја вклучува активноста на ученикот п опредметот и се базира само на капацитетите на ученикот да меморира подтоци. Оттука, оценката од екстерното тестирање не соодветстува со знаењето на учениците и не може да биде споредувана со оценката добиена од предметниот наставник.

3. Сведителството издадено со најниската оцена- недоволен (1) е невалидно
Доколку ученикот ја добие најниската оцена-недоволен (1) на екстерното тестирање, таа ќе биде впишана во неговото сведителство со што тоа истото станува невалидно, и не може да биде признатово повеќето на странски земји. Потсетуваме дека според чл. 45 од Законот за средно образование сите оценки се преодни освен оценката Недоволен (1) која НЕ МОЖЕ да стои како финална оцена во свидетелството на ученикот, кратејќи му го на ученикот правото на натамошно образување.
Дополнително види: Чл. 11 од Правилникот, чл. 54 од ЗОО, чл. 45-б од ЗСО, чл. 70 од ЗОО, чл. 48 од ЗСО, чл. 65(9) од ЗОО, чл. 45 од ЗСО. ЗОО – Закон за облигациони односи и ЗСО – Закон за средно образование

4. Екстерното тестирање не го унапредува квалитетот на средното образование
Екстерното оценување во Македонија се воведува како реформа која според упатствата на Министерството за образование и наука ги има следниве цели:
• Да им овозможи на учениците да согледаат што навистина знаат
• Да им даде можност на наставниците да ја проверат објективноста на оценувањето што тие го практикуваат.
Во начинот на кој се дефинирани целите може да се забележи дека со воведување на оваа политика кај надлежните не се цели кон подобрување на квалитетот на основното и средното образование, туку единствено утврдување на степенот на објективност на наставниот кадар. Овие цели не се базирани на однапред спроведена анализа која укажува на проблемите и слабостите во средното образование, туку се произволно одбрани од страна на надлежните институции.

Компаративно, во другите земји екстерното оценување се воведува примарно за унапредување на квалитетот на средното образование, што меѓу другото вклучува и евалуација на објективноста на
наставниот кадар. Во нашиот случај направен е сериозен пропуст што приритетот е ставен на
вршење на контрпола на наставниот кадар, а не како во примерот на Слпвенија: [1] да
придонесува за подобар квалитет на учењето, наставата и знаењата; [2] да оценува како се
постигнуваат станардите на знаењата пропишани со наставните програми; [3] да придонесува
за разбирливата примена на различни наставни методи и техники; [4] да ја олеснува
ефективната евалуација на наставните планови и програми; [5] да придонесува во
обезбедувањето еднакви образовни можности за сите ученици; [6] да ги развива
споспжобностите на учениците за критичко вреднување на своите постигања; [7] да им
обезбедува на учениците информации за нивните стекнати знаења што можат да
се споредуваат со нивните врсници и со просеците на ниво на држава и [8] да придонесува за
повоедначени критериуми во оценувањето од страна на наставниците на часовите.

Дополнително, со начинот на кој се имплементира екстерното тестирање не се постигнуваат горе поставените цели. Како што наведовме во претходните точки, оценката од екстерното тестирање не е објетивна и не соодветстува со знаењето на учениците. Оттука, навистина е нејасно поради кои цели се имплементира оваа реформа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование