X
 30.01.2018 Живот

Писмо од пилот: „До патниците од мојот последен лет“

Два милиона патници, 33 години работа и 10.000 летови. Пилотот Џеф Роуланд по пензионирањето решил да им каже на своите патници што мисли за нив. За да го одбележи пензионирањето, им напишал писмо на сите што биле присутни на неговиот последен лет.

фотоизвор: Twitter

Во писмото, кое е споделено на „Твитер“, тој пишува колку многу ќе му недостига летањето.

„Знам дека понекогаш гледаме на воздушниот сообраќај како на потребно зло... нешто што треба да се издржи. Има работи за кои треба да се пожали човек, сигурно. Ви благодарам од дното на срцето, би го правел ова и бесплатно. Најмногу ќе ми недостига да ви служам вам, мои драги патници. Водејќи ве на дестинациите низ светот, важите критики за секое мое слетување и тоа што ми се заблагодарувате за летот ми овозможија цел во ова мое животно настојување“.

фотоизвор: Twitter

Семејството на пилотот било присутно во авионот во прва класа за да го одбележи неговиот последен лет.

Овој пилот не е единствениот што стигнал до насловните страници изминатиот период. Наспроти него, лут патник од Нов Зеланд упатил критика за, како што истакнал, „екстремно кратките здолништа на стјуардесите во ’Еар Азија‘“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот