X
 16.07.2016 Живот

Моето писмо до 85-годишниот јас

Иако не можам да ја предвидам иднината, секако дека постојат неколку работи кои очекувам да се случат за 20 години. Ова е оптимистичното писмо до 85-годишната верзија од себеси.

Драг Ричард,

Одлично е што гледам дека се'уште успеваш да го проживееш денот. Кој вели дека животот мора да се забави после 65-та година? Твоите родители беа прекрасен пример за тоа како животот треба да се живее најдобро што се може; кога и да се чувствуваш уморно или лошо, потсети се какви тие беа во нивните 90-ти - полни со енергија и позитивност.

Колку убави работи и неверојатни ги постигна светот изминативе години. Пред 20 години се соочивме со многу предизвици. Во тоа време беше тешко да се погледне во минатото и несреќата. Но, успеавме да преживееме.

Глобалните цели беа прекрасна пресвртна точка. Светот работеше кон создавање на подобра иднина за сите луѓе и на планетата. Како поединци, ние како човечки род треба да си поставиме цели. Без нив прелесно е да живееме на стара слава.

Ова го научивме на СОР21, кога светските лидери се собраа за да постават цела за постигнување на неутралност на климата до 2050 година. Погледнете каде сме сега. Се движиме кон климатските промени. Колку неверојатни нешта можат да се постигнат кога владите, бизнисите, непрофитните организации и поединците работат заедно.

Исто така неверојатно е да се види колку е унапредена еднаквоста. Дали можеш да поверуваш дека во 2016 година, една милијарда луѓе живееја во екстремна сиромаштија; само 21 земја го признаа истополовиот брак. Шокантно, нели?

Исто така, ужасно беше да се види како луѓето беа присилно раселени од нивните домови поради војни и прогонувања. Емпатијата и отворениот ум се темелите на мирен свет. Потребно е со отворени раце да ги дочекаме оние кои се соочуваат со потешкотии - тоа е нашата должност како човечки суштества.

Денешниот свет не е без предизвици, меѓутоа изминативе 20 години ни покажуваат дека можеме да го пребродиме она за кое ќе се одлучиме. Никогаш не престанувај да создаваш позитивни промени. Прави го тоа за доброто на твоите внуци кои патем денес се 20 години. Времето навистина лета брзо кога се забавуваш. Секогаш имај чувство на оптимизам кое си го имал уште како дете. Секогаш целта нека ти биде Месечината - дури и ако не успееш да стигнеш до неа, барем ќе бидеш меѓу ѕвездите.

Со среќа,

Ричард
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот