X
 27.09.2016 Забава

Кога професорот ќе ти го расипе денот

Еден навистина суров професор го освои Интернетот со смешен квиз дизајниран за да мачи двајца ученици.

 

Фотографија која била објавена на Reddit покажала тест кој им бил даден на група студенти, но не таков каков што сите замислуваме, односно кој не содржел типични прашања од предавањата, известува The Sun.

 

 

 

Тестот содржел само две реченици  : Седете тивко на вашето биро неколку минути, потоа станете и кажете дека тестот бил лесен и предадете го. Не им кажувајте ништо на Џери и Роби.

 

Несреќните жртви на професорот се соочиле со вистински тест, а некој од корисниците на Reddit се пошегувал : Би сакал да го видам тестот што професорот им го дал на Џери и Роби.

 

Другите набљудувачи на целата ситуација шпекулирале за тоа како шегата може да тргне лошо.

 

„Би сакал да мислам дека тие константно не доаѓале на часови, односно се појавиле само тој ден бидејќи виделе во распоредот дека тој ден ќе има квиз (тест)“, вели еден корисник на Reddit.

 

Друг корисник пак, се изјаснил дека доживеал нешто слично на приказната на Џери и Роби :

 

„Слично нешто ми се случи и мене во средно училиште. Тестовите беа поделени и на тетсот беа посочени инструкции слични на овие. Во нив пишуваше да не се одговара на прашањата, само да се напише името и тестот да се предаде. Се разбира дека не ги прочитав инструкциите и продолжив со решавање на тестот иако сите други ги предаваа тестовите за кратко време. Се ми стана јасно кога по пет минути сите ми се смееја и некој ми рече да прочитам што пишува во инструкциите. Мислам дека не го положив тестот.“

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава