„Felicity“, „Blue Mountain Site“, „Glimore Girls“, „Boy meets world“ - сите овие се забавни тв серии кои ви направиле лоша услуга; ве излажале!
На колку од вас му се случило цела ноќ да гледа тв серија чиешто дејствие се случува околу млади луѓе кои одат на факултет? Колку од вас помислиле: „Едвај чекам тоа да бидам јас еден ден“, и потоа да одат на факултет и да се соочат со лаги? Да, телевизијата и тв сериите лажат. За што се` лажат?
Сѐ е голема забава
Во серијата „Blue Mountain state“ гледате многу алкохол, момци со одлични тела и голи жени. Вистината? Во поголемиот дел од студентските домови алкохолот е забранет. Исто така, момчињата со совршени тела и голите девојки нема да се шетаат околу вас како во серијата. Всушност, луѓето на факултет се студенти, а не актери кои се преправаат дека добиваат одредено образование.
Слободно време
Сериозно, дали Кори и Шон некогаш отишле на предавање?
Поголемиот дел од тв сериите прикажуваат како ликовите седат и зборуваат за предавањата, зборуваат за учењето и зборуваат за работење, но никој од нив не го прави тоа.
Не постои нитуедна личност која би поминувала толку време правејќи буквално ништо, која би можела да го преживее факултетот на таков начин.
Не сфаќајте погрешно: дефинитивно ќе имате слободно време, но нема да биде ни приближно блиску колку што си замислувате.
Лоши професори
Во реалноста, професорите и не се толку лоши. Всушност, може да се каже дека повеќето професори се грижат за своите студенти и се тука за да ви помогнат - затоа треба сериозно да поразговарате со нив. Не го трошете семестарот не учејќи бидејќи се плашите од личност која некогаш исто така се наоѓала на ваше место.
Сите пријатели се магични
Немојте да се залажувате. Не постои нитуеден клас на факултет во кој секој со секој е пријател. Да, можеби зборувате за време на предавањето и дискутирате за нешто поврзано на факултет меѓутоа откако ќе заврши предавањето, пријателството си заминува со него.
Факултетот е различен за секого. Немојте да се одлучите да одите само затоа што една тв серија направила да изгледа премногу привлечно. Нормално, факултетот си има предности, меѓутоа дефинитивно треба да бидете соочени со предизвиците кои ќе ве очекуваат.