X
 18.03.2023 Живот

Патувања со автомобил во Европа што мора да ги направите

Патувањето нè прави среќни, а нема поубаво чувство од тоа да влезете во автомобилот и да одите да истражувате. Доколку планирате вакво патување годинава, размислете за некоја од следните опции.

Ирска - од исток кон запад

Се препорачува возење од Кери до Даблин, преку Голвеј. Возењето трае шест часа. Се патува три часа од Кери до Голвеј, кој е прогласен за најпријателски европски град. Потоа остануваат уште три часа до Даблин, кој ќе ги задоволи гладните за уметност, но и оние што сакаат забава и добра храна.


Фото: Pixabay

Италија - брегот на Амалфи

Се препорачува возење од Равело до Позитано, кое трае три часа. Овој брег не мора да се фали бидејќи е многу познат по својата убавина. Започнете во Равело, мало село познато по веселите бои. По кратко возење ќе бидете во Соренто, каде што може да уживате во прекрасен поглед на Неаполскиот Залив. Последна станица е Позитано, град познат по романтиката и убавата храна.


Фото: Pixabay

Норвешка - возење покрај фјордови

Се препорачува возење од Берген до Лоен, кое трае шест часа. Ова е популарна дестинација за љубителите на кампување. Берген е одлична почетна точка, каде што може да уживате во рибата по која е познат градот. Додека возите кон Лоен, се препорачува застанување во Флам, каде што има многу водопади.


Фото: Pixabay

Португалија - од еден сончев град до друг

Се препорачува тричасовно возење од Лисабон до Порто. Лисабон е познат по ултрамодерната култура и старата елеганција. Таму има 25 бесплатни музеи, но многубројни кафулиња и ресторани. Возењето до Порто трае само три часа, а на патот може да застанете во бајковитиот град Синтра.


Фото: Pixabay

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот