X
 21.05.2015 Култура

Постојана работа во светот имаат само четвртина од работниците

Според најновите пресметки на Меѓународната организација за работа, само 26,4% од работниците во светот имаат постојано работно место. Најголем дел вработени без договор за постојано работно место според податоците од 2010 година има Кина (дури 91,47%). Анализата била направена на вкупно 180 земји во светот, односно 84% од светската работна сила.


Од останатите три четвртини работници без постојан договор, 13% се вработени на договор со скратено работно време или на определено време, а дури 60,7% работат без договор, покажува извештајот.

Организацијата посочува кон зголемениот тренд на вработување на одредено време, особено кај жените. Од 24% луѓе кои работат помалку од 30 часови наделно, жените ги водат мажите речиси двојно.

Флексибилноста при вработувањето носи предности, но носи и ризици за искористување на работникот.

- Новите бројки сигнализираат сè поширока лепеза на обликот на вработување во професионалниот свет. Во одредени случаи, нестандардните облици на вработување може да им помогнат на луѓето на влезат во пазарот на трудот, но новите трендови одразуваат и зголемена несигурност помеѓу многу вработени во денешниот свет, посочува главниот секретар на организацијата, Гај Рајдер.

Нестандардните облици на вработување во многу случаи е поврзано со зголемената сиромаштија во многу земји, смета Рајдер.

Авторите на извештајот укажуваат на потребата за регулација на работниот однос за заштита на работниците, особено во нестандардните облици на вработување.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура