Интервју, психометриски тест и прашалник - Зошто аплицирањето за работа станува толку комплицирано?
Работодавците кои бараат високо професионални работници, користат пакет на техники за да се осигураат дека ја вработуваат вистинската личност. Ова се најновите трендови кои ќе ви покажат што да очекувате.
„Ако вработувате постари луѓе, тогаш ќе наидете на нешто што се нарекува центар за проценка - ова вклучува интервју и психометриски тест“, вели Кери Купер, професор по организациска психологија и здравје на Универзитетот Ланкастер. „Интервјуто само по себе е лош индикатор за конечниот успех“.
Испитување, тест, истражување - која е разликата?
Прашалниците и психометриските тестови често пати се користат од работодавците со цел да им помогнат да ја намалат листата на најпогодни кандидати. Прашалниците се обидуваат да откријат каква личност сте, користејќи техники за да открие како се однесувате и што ве мотивира. Еден добар тест ќе ги открие недоследностите, и ќе ве натера да бидете искрени.
Марк Паркинсон, бизнис психолог кој составува тестови и прашалници за организации објаснува: „Тестот е нешто со точен и погрешен одговор, кој може да се користи за мерење на броевите и писменоста“.
Работодавицте користат тестови и прашалници за да ги увидат вашите предности и слабости, и како тие се совпаѓаат со барањата на работното место.
На пример, може да имате високи поени затоа што повеќе сакате да работите сами.
Дали можете да се подготвите?
Ако знаете дека работната позиција за која аплицирате ќе спроведува психометриски тест, тогаш еве што можете да направите за да се подготвите.
Најпрво, осигурајте се дека немате никакви негативни чувства кон самиот процес. Можеби ќе се чувствувате дека не треба да дозволите да ве користат како алатка за корпоративни идеи. Наместо тоа, одете апсолутно подготвени.
Вежбајте и побарајте од работодавецот да ви испрати примероци од претходни тестови. Ако не можат да ви дадат претходни примери, пронајдете веб страни и книги за да вежбате тестови.
Бидејќи тестирањето е временски определно, обидете се да вежбате тестови и да го мерите времето додека ги решавате.
Ако ви стане досадно решавањето на тестови, обидете се со загатки како Судоку и крстозбори. Повторно обидете се да мерите за колку време ќе ги решите, истовремено обидувајќи се точно да одговороите.
Усовршете ја вашата математика. Ако не сте размислувале за проценти, дропки, децимали, пропорции, односи и нумерички односи, сега е време да се потсетите.
Додека го правите тестот...
Ако не го знаете одговорот, продолжете понатаму. Покријте околку колку што можете кај прашања за кои сте сигурни, а потоа вратете се и обидете се да ги одоговорите оние кои ви биле потешки. Не трошете време борејќи се да го пронајдете одговорот.