Компаниите „Фејсбук“ и „Линкедин“ се здружија во иницијативата за реализација на програми за поддршка и менторство на факултетите со цел повеќе жени да се заинтересираат за кариера во компјутерските науки и инженерството.
Според податоците на „Фејсбук“ за различноста на половите објавени во последните години, само 15% од вработените во компанијата кои работат во областа на технологијата се жени, а 31% вкупно.
Ситуацијата е помалку или повеќе слична во „Линкедин“, кадешто жените се присутни во 17% кога се работи за технолошките работни места, а 39% од вкупниот број вработени.
„Кариерите во компјутерската наука и инженеството се одлични за жени (но и за мажи). Работата се цени, добро е платена, флексибилна е и возбудлива. Сепак, присуството на жените во овие области започнува да паѓа. Жените пропуштаат одлични работни места, а светот ги пропушта нивните големи идеи“, изјави Шерил Сендберг од „Фејсбук“.