X
 25.05.2015 Култура

Избран добитникот на Златна палма на овогодинешниот Кански филмски фестивал

Златната палма, главната награда на 68-то издание на филмскиот фестивал во Кан ја доби филмот „Dheepan“ на Жак Одиар, филм за поранешен војник кој бега од граѓанската војна во Шри Ланка.

 

1


„Да се добие награда од браќата Коен е нешто посебно. Наградата ја посветувам на мојот татко, сценаристот Мишел Одиар“, изјави Жак Одиар.

Втората награда, „Grand prix“ жирито ја додели на филмот „Saul fia“ на Ласло Немеш, кој ја раскажува трагичнта приказна на затвореник Евреин во нацистичкиот логор Аушвиц, кој го пронаоѓа својот син меѓу убиените деца. Благодарение на наградата, режисерот Немеш во краткиот говор истакна дека темата за Евреите се`уште го прогонува европскиот континент.

 

Третата награда му припадна на филмот „The lobster“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос со Колин Фарел, Џесика Барден и Рејчел Вајс.


Наградата за главна машка улога ја доби францускиот глумец Винсент Линдон за улогата во филмот „La loi du marche“ кој глуми 50 годишен човек кој после 20 месеци невработеност започнува со нова работа и се соочува со морален двобој. Глумецот наградата ја посвети на сите оние кои добиле отказ.

Наградата за главна женска улога ја поделија Американката Руни Мара за филмот „Carol“ на режисерот Тод Хејни и Французинката Емануел Берко за улогата во филмот „Мon roi“ во режија на Мевен Беско.

Тајванскиот режисер Хоу Хсиао-Хсиен ја доби наградата за најдобра режија за неговиот филм „Nie Yinniang“. Филмот ја раскажува приказната за жена која е платен убиец од Кина, и која се вљубува во човекот што треба да го убие. Наградата за најдобар драмски филм отиде во рацете на „Chronicles“ на Мишел Франко во кој се раскажува за медицинските сестри и сето она со кое тие се соочуваат додека ги негуваат пациентите на смртна постела.

 

film


Режисерката Агнес Варда ја прими почесната Златна палма, кои досега ја имаше добиено Вуди Ален, Клинт Иствуд и Бернардо Бертолучи.

За добитниците на наградите во главните конкуренции одлучуваше жири комисија во која оваа година за прв пат беа браќата Џоел и Итан Коен. Со нив членови во жирито беа и британската актерка Сиена Милер, актерот Џејк Гиленхал, француската актерка Софи Марсо, мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо, канадскиот режисер Ксавиер Долан, шпанската актерка Роси де Палма и музичарот Рокиа Траоре.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура