X
 24.08.2020 Култура

Фасцинантната историја на изгубениот град Петра

Праисторискиот град Петра е неверојатен спектакл што мора да се види за да се поверува во него. Петра бил просперитетен трговски центар во 4 век пр.н.е, а архитектурата врежана во црвените карпи му помогнала да стане едно од новите 7 чуда на светот. Сместен во пустински кањони во Југозападен Јордан, Петра бил главен град на античката цивилизација Набатеја.

Неверојатно, но она што го гледаме денес е само дел од античкиот град што некогаш се наоѓал тука. Археолозите имаат откопано само 15 отсто од местото, така што 85 отсто од градот сè уште се закопани под земја.

За оние што никогаш не го посетиле, сигурно се запознаени со Петра благодарение на филмовите „Индијана Џонс“, „Мумијата се враќа“ и „Аладин“.

Денес, кога туристите го посетуваат местото, се движат по истата патека што трговците и посетителите ја користеле уште од создавањето на Петра. Долгата, крива клисура Сик е само вовед во она што ве чека. Иако можеби се чини како долга прошетка за да се дојде до главниот дел, вреди да се доживее. Потоа се појавува првиот поглед кон архитектурата на Петра.

petra

Набајтеци


Набатејците биле номадско бедуинско племе кое минувало низ арапската пустина. Токму тие го создале градот Петра. Се појавиле како политичка моќ помеѓу 2 и 4 век пр.н.е. и почнале да го градат градот. Сепак, ова не било оригиналното име на градот - Набатејците првично го нарекувале Ракму.

Нивната култура се здобила со богатство и стабилност благодарение на нивната контрола врз трговската мрежа, која била клучна за античкиот свет. Поради нивната вклученост во трговијата, тие биле изложени и под влијание на различни култури од медитеранскиот и арапскиот свет. Овие влијанија биле вклучени и во нивната религија.

Петра е неверојатен израз на нивното богатство и моќ. Еден период градот бил дом на 30.000 луѓе. Благодарение на неговата стратешка локација, градот бил тежок за освојување. Подоцна, кога Набатејците биле поразени од Римјаните, тој само продолжил да се шири. Всушност, може да се види влијанието на римската архитектура низ Петра.

Кралството Набатеја продолжило да напредува неколку века откако било додадено во Римското Царство во 106 година н.е. Но, на крајот, од непознати причини, Набатејците почнале да бегаат, а нивната земја била поделена помеѓу различни арапски кралства.

2

Петра бил напуштен во 8 век од н.е. Иако номадските овчари продолжиле да ги користат структурите за засолниште, градот останал непознат за западниот свет повеќе од илјада години. Дури во 19 век швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Буркхард ги открил урнатините. Буркхард патувал во Сирија за да го подобри знаењето на арапскиот јазик кога ја слушнал приказната за германски истражувач кој бил убиен додека трагал по изгубениот град Петра. Решен да го најде, Буркхард го користел името шеик Ибрахим Ибн Абдалах за да го скрие својот идентитет и да се вметне во општеството. По неколку години во Алепо, тој се чувствувал доволно самоуверен за да патува до Каиро и да помине покрај урнатините.

Додека патувал на копно во Јордан на патот кон Акаба слушнал шпекулации за антички урнатини во близина. Бидејќи ова се совпаднало со она што претходно го слушнал за Петра, тој се преправал дека сака да ја жртвува својата коза и го замолил неговиот локален водач да го однесе до гробовите за да го стори тоа. Тогаш минувал низ Сик и во 1812 година станал првиот човек од Запад што ја видел Петра.

3

По неверојатното откритие на Буркхард многу западни истражувачи отишле во Петра за да направат цртежи од структурите и да ја проучуваат архитектурата. Ова го отвори патот за неговата убавина да биде позната низ целиот свет.

Една од најинтересните структури на Петра е Ал Казен. Врежана во лицето на црвениот камен, структурата е висока 38 метри, а широка речиси 24 метри. Се смета за најважниот влез во Петра од Сик, а нејзината важност е прикажана и преку деталната декорација. Речиси во хеленистички стил, декорацијата изобилува со цветни украси и архитектонски елементи како столбови што потсетуваат на античките грчки храмови.

4

Структурата е всушност гробница. Со оглед на извонредната локација, археолозите се речиси сигурни дека станува збор за гробница на набатејски крал или кралица. За жал, сè уште не се знае точниот датум на нејзиното создавање, ниту кој ја создал. Се претпоставува дека тоа е кралот Аретас IV, кој не се знае точно кога владеел (некаде во периодот помеѓу 9 век пр.н.е и 40 век од н.е.). Како најуспешен владетел, тој управувал со градот во време кога бил најмоќен, а голем дел од неговите згради токму тогаш биле изградени.

Ал Казаен се нарекува уште и Трезор затоа што се претпоставува дека урната на вториот кат содржи богатство на египетски фараон.

5

Денес, милион луѓе одат да ја посетата величествената архитектура на Петра и се воодушевуваат од праисториското општество што зад себе остави толку голем впечаток.

Извор: Mymodernmet.com
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура