Научници од НАСА уловија три супермасивни црни дупки како се спојуваат на оддалеченост од милијарда светлосни години од Земјата.
- Двојните и тројните црни дупки се извонредно ретки. Но, таквите системи всушност се природна последица на соединувањето на галаксиите, за што мислиме дека така галаксиите растат и еволуираат - истакна Шобита Сатјапал, истражувач од Универзитетот „Џорџ Мејсон“.
Тимот на Сатјапал го направил реткото откритие користејќи два вселенски телескопи и еден телескоп стациониран во Аризона. Ова е ретка глетка која инаку е тешко да се забележи поради големите обвиткувања со гас и прашина околу црните дупки. Но, преку комбинирање податоци од двата вселенски телескопа и еден телескоп на Земјата научниците дошле до
откритието.
Фото: Space
Тимот ги објави резултатите во последното издание на списанието „Астрофизикал џурнал“.
- Оптичките спектри содржат богатство од информации за галаксијата. Тие често се користат за идентификување на активно зголемувачките супермасивни црни дупки и може да го отсликаат влијанието што го имаат врз галаксиите во кои се наоѓаат - истакна коавторката Кристина Манзано-Кинг од Универзитетот во Калифорнија.