Нов астронаут ќе се придружи да ја овозможи првата посета на човекот на Марс. НАСА регрутира тимови да се развие и прикажи способноста на „Robonaut 5“ (R5), робот со серија задачи што може да го спаси животот на астронаутите во вселената. Наречен „Space Robotics Challenge“ натпреварот од милион долари ќе креира „Valkyrie AI“ робот да се однесува како асистент на астронаутите.
НАСА ги предизвикува иноваторите да програмираат R5 робот со вештини за приклучување на комуникациски апарати, поправање на скршените соларни ќелии и идентификување и поправка на напукнатите места на живеалиштата, сето ова во виртуелна средина. Таа ги разви овие врвни способности на Земјата врз основа на роботски системи со користење на хидраулика, но овие технологии не се наменети за ниски температури и сурова средина на планетарни површини.
„Robonaut 5“ користи еластична технологија наместо хидраулична, што е иновативен начин на НАСА за решавање на проблемите за работење во вселената. Проектот со Robonaut 5 го започна НАСА уште во 1996 година и во моментот на него се работи во странство во Интернационалната Вселенска Станица.
Експертите веруваат дека овие вселенски хуманоиди еден ден би можеле да се користат на нашата планета во опасни и екстремни средини каде што луѓето и земјените роботи не можат да патуваат.
„Прецизните и подвижни роботи можат да работат со задоцнување во комуникацијата, да се користат во вселенските летови, за мисии до Марс или други места, за опасни и комплицирани места, што се од клучно значење и бараат поддршка од нашите астронаути“- изјави Монси Роман, програмски менаџер на „ Nasa's Centennial Challenges“.
„НАСА и нашите партнери сме убедени дека јавноста ќе го прифати овој предизвик и сме возбудени да видиме какви иновативни технологии ќе бидат произведени“- додаде Роман
Секој тим на R5 ќе биде предизвикан да ги реши последиците од невремето од прашина што го оштети живеалиштето на Марс, и ова е местото каде 3 задачи ќе се користат.
Регистрацијата за натпреварот започна на 16 август со квалификационен круг кој започнува во средината на Септември и завршува во средината на Ноември. Финалистите ќе бидат прогласени во Декември, а официјалните практики ќе бидат отворени од Јануари до крајот на Јуни 2017, додека кои се победници ќе се знае на крајот на Јуни во Вселенскиот Центар во Хјустон.
Софтверот развиен преку овој предизвик може да биде пренослив и за другите системи за роботика, овозможувајќи произведената технологија да биде подеднакво користена и со постари модели на роботика, како што е „Robonaut 2“ и сите модели кои ќе се развијат во иднина. Со технологијата развиена преку овој натпревар роботите може да учествуваат во претходни мисии на избрани локации за слетување, да пристигнат побрзо од астронаутите да ги постават живеалиштата, системите за поддршка за живот, комуникациските и соларни апарати, па дури и да започнат со преелимарно научно истражување.