Голем дел од најпознатите и најиконските моменти од киното доаѓаат обвиткани со двосмисленост и мистерија; прашања кои не` оставаат да дебатираме за филмот со години, а понекогаш дури и децении.
Мистериите на филмовите успеваат и да не` изнервираат и да не` восхитат, па токму затоа ви ги нудиме најголемите неодговорени прашања во историјата на филмот. (Внимание, спојлери).
„Wanna know how I got these scars?“ - Batman Begins
Хит Леџер и ликот на Џокерот стана еден од најиконските ликови на екранот во последните 10 години, а неговта озлогласена фраза „Wanna know how I got these scars?“ е позната низ целиот свет. Меѓутоа, никогаш не дознавме како Џокерот ги доби своите лузни.
Во текот на филмот тој раскажува различни приказни од проблематичен брак, до лошо детство.
Една од главните теории на интернет е дека Џокерот бил всушност жртва од војната која страда од пост - трауматично стресно нарушување. Неговата квалификувана употреба на оружје и неговото психотично однесување сигурно биле предизвикани од некое такво лошо минато.
Една од причините зошто ова е толку иконско неодговорено прашање се надоврзува на друга причина поради која Џокерот е таков каков што е - крајно застрашувачки. Џокерот го прави тоа што го прави навидум за чиста забава и предизвикување на хаос, а тој е толку незапирлив бидејќи нема мотив ниту слабост.
Пораката на Боб за Шарлот - Lost in Translation
Филмот е еден од најмеланхоничните и најмаестрални романси на 21-от век, меѓутоа филмот го обезбеди своето место во класиците со последната сцена.
После криењето на емоциите еден од друг, Боб конечно ја запира Шарлот додека таа сака да си замине засекогаш и ја бакнува и и` шепоти нешто на уво.
Луѓето се обидуваат да откријат што тој и` шепоти, а доколку го пребарате интернетот, ќе пронајдете доста интересни теории.
Најуверливата е таа дека всушност глумецот Бил Мареј одлучил да импровизира, па така шепотењето не се појавува во скриптата.
Дали хипнозата беше успешна? – Oldboy
Oldboy стана еден вид на култна класика уште од 2004 година. Бруталниот корејски трилер е одлична приказна за измама, одмазда и шокантно, инцест.
Откако 15 години бил заробен Даесу е ослободен и испратен на мисија не само да открие кој го заробил, туку и зошто. Откако открил дека неговиот заробувач бил поранешен пријател од училиште кој спиел со сопствената сестра, Даесу е измамен и спие со сопствената ќерка.
После ова откритие Даесу најпрво си го сечи јазикот, а потоа бара хипноза за отстранување на ова сеќававање. Последната сцена од филмот го покажува Даесу прегрнувајќи ја својата ќерка, веројатно несвесен која е таа, но неговата насмевка се претвора во болка, со самото завршување на филмот. Со тоа, публиката останува зачудена дали ја заборавил или сега е заглавен во безизлезна состојба на ментална болка.
Последниот Fed Ex пакет - Castaway
Во Castaway Том Хенкс го глуми Чак, поштар за Fed Ex кој заглавува на напуштен остров со ништо освен Fed Ex пакетите од компанијата. Во текот на филмот тој ги отвора сите кутии, освен една, која ја чува како трошка надеж дека еден ден ќе успее да ја достави.
На крајот на филмот го гледаме Чак како конечно ја доставува кутијата, меѓутоа фрустрирачки е тоа што никогаш не откривме што имаше во кутијата.
Што има во кутијата? - Barton Fink
Од една мистериозна кутија, до друга, овој пат во Barton Fink на браќата Коен. Barton Fink останува еден од најнеразјаснетите филмови во историјата, а со него и прашањето кое секој си го поставува додека Бартон седи на плажата - „Што по ѓаволите се наоѓа во таа кутија?“
Во филмот, Џон Туторо го глуми Бартон, осамен писател кој се сели во Холивуд за да напише филм. За време на неговиот престој, тој се спријателува со еден чуден жител на хотелот, Чарли, кој е сериски убиец.
Во еден момент во филмот, Чарли го напушта хотелот и кога заминува, на Бартон му остава кутија, која Бартон воопшто не ја отвора во текот на целиот филм.
Голем број луѓе шпекулираат дека во кутијата се наоѓа главата на некој роднина на Бартон, меѓутоа земајќи ја во предвид психопатската природа на Чарли, никогаш не се знае.
Мекреди и Чајлдс - The thing
Крајот на The Thing е иконски момент во историјата на хорор филмот и тоа со добра причина. Филмот ја раскажува приказната за истражувачката станица на Антарктикот која е нападната од мистериозно суштество кое може да се прилагоди на околината и да ги имитира активностите на луѓето, преземајќи го нивното тело и создавајќи недоверба.
Филмот завршува со само двајца преживеани - Мекреди и Чајлдс кои стојат покрај огнот и пијат шише виски, зборувајќи за безнадежноста на нивната ситуација и недовербата која постои меѓу нив. Ова е еден од најпаметните завршетоци на било кој хорор филм. Џон Карпетнер избира да не` остави да погодуваме во кој влезе мистериозното суштество, а кој е невината личност.
Актовката од The pulp fiction
Актовката во Pulp Fiction е една од движечките сили позади извртената приказна во филмот. Неа ја гледаме уште од почетокот, кога ја зема Винсент Вега, но не откриваме што всушност се наоѓа во неа.
Валас очигледно е очаен да стигне до неа и не ризикува никој друг да ја гибне, меѓутоа со завршувањето на филмот не се знае зошто таа е толку посакувана.
Во еден момент од филмот актовката се отвора, а златна светлина излегува од неа. Многу филмаџии шпекулираат дека тоа е накит, украден од Reservoir Dogs, додека пак поекстремни теории сугерираат дека во неа е душата на Валас.
Дали Макс се самоубива? - Once upon a time in America
Крими епскиот филм од 1984 година можеби се занемарува кога станува збор за најдобрите филмови, веројатно затоа што постојат различни верзии. Со тоа кажано, овој филм има еден од најдобрите краеви кога Нудлс се соочува со еден човек од неговото минато, Макс, и го остава да страда.
Филмот завршува со расправијата на Нудлс и Макс, како Макс му го уништил животот во минатото, а иако Макс го моли Нудлс да го убие, тој го ослободува. После тоа гледаме двосмислена сцена, во која камион со ѓубре поминува покрај Макс, а тој исчезнува зад него.
Публиката е оставена да претпостави дали Макс се фрлил.
Дали Ренди умира? - The Wrestler
Тhe Wrestler е филм кој го оживеа Мики Рурк, после години отсуство. Неговата моќна глума на поранешниот борач Ренди Робинсон е некако автобиографска која му овозмои Оскаровска номинација за неговата изведба.
Откако сфатил дека нема никаква цел во животот, и откако во текот на целата кариера ги одбивал оние кои навистина му значеле, Ренди решава да се врати во рингот за последен пат, и покрај тоа што имал срцев удар последниот пат кога се борел.
Филмот завршува со Ренди и неговиот зафат кој го прави за неговите верни обожаватели. Како што се качува на јажињата тој за последен пат ги поздравува неговите фанови и скока. Со оваа сцена завршува филмот, оставајќи ја неговата судбина непозната.
Конусот кој не престанува да се врти - Inception
Филмот е можеби најзбунувачкото дело на Кристофер Нолан, а според неговите стандарди ова е навистина доста големо достигнување. Целиот концепт на филмот прикажува исклучително тешка и напорна работа, а филмот завршува со прашањето дали е реалност сето тоа што се случува?
Во филмот ликовите имаат „тотеми“, кои се предмети според кои ликовите знаат дали се или не се во сон. Филмот завршува кога Каб на масата го употребува својот тотем, за да провери дали е реалност. Во тој момент децата го викаат во дворот и тој заминува без да го дочека резултатот од вртењето на конусот.
Нолан вели дека крајот беше намерно двосмислен, меѓутоа вели дека најважниот момент од последната сцена е тоа што Каб не гледа во конусот, туку во своите деца.